Култура

Почина Тери Џонс, еден од основачите на „Монти Пајтон“

Тери Џонс, еден од основачите на „Монти Пајтон“ и режисер на три од славните играни филмови на „Moнти Пајтон“, почина на 77-годишна возраст, соопшти неговиот агент.

– Тери почина на 21 јануари 2020 година на 77-годишна возраст, а неговата сопруга Ана Содерсторм била покрај него, по долга, екстремно храбра битка со ретка форма на деменција – соопшти неговиот агент.

– Во текот на изминатите неколку дена неговата сопруга, децата, поширокото семејство и блиски пријатели постојано беа со Тери. Изгубивме добар, смешен, топол и креативен човек чија бескомпромисна индивидуалност, немилосрден интелект и вонреден хумор им дадоа задоволство на милиони луѓе во текот на шест децении. Во 2016 година Џонс и неговото семејство откриле дека има фронтотемпорална деменција.

По „Монти Пајтон“, Џонс работеше на голем број проекти. Со Палин тој ја создаде успешната ТВ-серија „Возбудливи приказни“ и изгради режисерска кариера со „Лични услуги“, „Ерик Викингот“ и „Ветрот во врбите“. Тој создаде серија ТВ-документарни филмови (специјализирани за средновековната историја), напиша речиси 20 детски книги и многу коментари за „Гардијан“ и „Опсервер“.

По студирањето англиска литература на „Оксфорд“, во 1969 година Џонс и Пелин им се придружиле на дипломираните студенти од „Кембриџ“, Џон Клиз и Греам Чепмен и на аниматорот Тери Гилијам во комична серија на Би-би-си.

Автор:

Слични статии