„Медена земја“ е првиот македонски филм којшто беше номиниран за престижната награда на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како европски Оскар, што се случи вечера во Берлин. За најдобар документарец беше прогласен сирискиот „За Сама“ на Ваад ал-Катеб и Едвард Ватс со што го победи македонскиот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, на вечерашното доделување на наградите на Европската филмска академија (ЕФА) во Берлин.
Филмот „Миленичка“ на Јоргос Лантимос е прогласен за најдобар филм и е апсолутен победник на 32. доделување на ЕФА, доби уште 7 награди: за режија, комедија, најдобра актерка, кинематографија, шминка, костими и монтажа.
Инаку, церемонијата на наградите почна со оддавање почит на претходниот претседател на ЕФА, легендарниот британски продуцент Ник Пауел, кој почина на 7 ноември, една недела по македонската премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски, што беше негов последен филм кој го продуцирал. Пауел беше на чело на ЕФА од 1996-2003, а потоа беше потпретседател.
Антонио Бандерас ја доби наградата за најдобар актер за улогата во „Болка и слава“ на Педро Амодовар и за истата улога годинава во Кан ја доби наградата за најдобар актер. Педро Алмодовар е чудо коешто ми се случи во животот, него го запознав пред 40 години и го обожавам“, рече Алмодвар преку видеопорака, а наградата ја подигна Алмодвар.
Британската актерка Оливија Колман на почетокот на годинава доби Оскар за улогата во „Миленичка“, а вечерва и европски Оскар. Најдобар краток филм е „Божиќен подарок“ на Богдан Морешанов. Наградата на Еуримаж за копродукција ја доби Анкица Јуриќ Тилиќ. Најдобро сценарио има Французинката Селин Сијама за „Огнена жена“.
Француската актерка Жилиет Бинош доби награда за европски придонес во светскиот филм, а култниот германски режисер, актер и писател Вернер Херцог наградата за животно дело. Наградата избор на публиката за најдобар филм ја доби „Студена војна“ на Павел Павликовски.