Култура

„Медена земја“ влезе во избор од 15 филма што ќе се борат за наградата „Оскар“

Документарецот „Медена земја“ влезе меѓу 15 филмови што ќе се натпреваруваат за наградата Оскар во категоријата на документарен филм од неанглиско говорно подрачје. Филмот е номиниран во две категории: за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм. Оваа бројка од 15 филма е одбрана од вкупно 159 филма, од страна на  Американската филмска академија. На 13 јануари ќе бидат избрани по пет филма во секоја категорија а ги има вкупно 9.

Ако добие номинација за Оскар во двете категории, „Медена земја“ ќе биде прв македонски филм што успеал во тоа. „Медена земја“ ќе се бори за награда на 92 доделување на „Оскар“  со филмовите: „Адвокатка“, „Американска фабрика“, „Аполо“, „Аполо 11“, „Акварела“, „Најголемата мала фарма“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“, „За Сама“, „Големото хакирање“, „Урни ја куќата“, „Девојка’, „Полноќно семејство“, „Нација со по едно дете“.  „Медена земја“ е македонски кандидат за Оскар за најдобар странски филм, но во категоријата за најдобар документарец се квалификува поради победата на фестивалот Докавив во Тел Авив.

Во категоријата најдобар странски филм во потесниот избор влегоа 10 филмови од 91 пријавени. Со „Медена земја“ избрани се и „Обоена птица“ од Чешка, „Вистина и правда“ од Естонија, „Клетници“ од Франција, „Оние што останаа“ од Унгарија, „Корпус кристи“ од Полска, „Сучка“ од Русија, „Атлантикс“ од Сенегал, „Паразит“ од Јужна Кореја и „Болка и слава“ од Шпанија.  Оскарите ќе се доделат на 9 февруари во Холивуд.  Засега,„Пред дождот“ на Милчо Манчевски е единствениот македонски филм кој има номинација за Оскар, во 1995.

Автор:

Слични статии