Култура

Поранешниот советник на Путин, Витали Мански, претседател на жирито на „Киненова“

Витали Мански, режисерот кој се спротивстави на најмоќните светски лидери оваа година е претседател на жирито на „Киненова“. Кога станува збор за современата документаристика, во свет во кој социјалните мрежи одиграа главна улога во револцуионерната „арапска пролет“, многу е тешко за еден филмаџија да најде автентична приказна која веќе медиумски не е преџвакана. Ова особено се однесува за јавните личности, вклучувајќи ги и светските лидери, за чија медиумски коректна слика се грижат еден куп луѓе во позадина. Тогаш, како да се навлезе подлабоко во една приказна и да се претстави пред публиката, откривајќи нешто што досега таа не го видела?

Витали Мански, едноставно, ѕирна во својата домашна архива и на светот му „подари“ неверојатно документаристичко дело во кое ја следиме вистинската историска приказна за подемот на Владимир Путин, кој од нигде-никаде одеднаш ја презема големата Русија под свое. Личниот соработник на поранешниот агент на КГБ одблизу имал можност да биде сведок на сите случувања околу новиот „месија“, честопати документирајќи ги и домашните случувања на кои присуствувале најблиските луѓе на новиот претседател. Но, по одредено време, откако од доволна дистанца Мански го погледнал сиот тој материјал, со поинаков пристап и побистар поглед, спакуван во документарен филм, истиот праќал сосема нова слика за семоќниот лидер.

Како увертира пред ова генијално доку-сведоштво, авторот пред три години го реализираше исто така контраверзниот и освестувачкиот документарен филм за Северна Кореја насловен „Под сонцето“ (Under the sun). Мански, на покана на Кин Јонг-Ил, одреден период престојувал во таа држава за да сними филм според строго контролирано сценарио за едно семејство во исчекување на роденденот на лидерот, но рускиот автор не секогаш ја гасел камерата кога ќе се викнело „Стоп!“. Поради сето ова, Мански со сопругата токму од 2015 година живее во само-егзил во Латвија, често пати во интерјуата истакнувајќи дека после вакви слободоумни остварувања, тие се плашат за сигурноста во својот понатамошен живот.

„Путиновите сведоци“, остварувањето кое минатата година беше прогласено за најдобар документарен филм на престижниот фестивал во Карлови вари, домашната публика ексклузивно ќе може да го види во рамките на „Киненова“, во присуство на авторот.

Автор:

Слични статии