Култура

Да го почнеме животот од почеток (или барем да го промениме)

 

Во 2002 година Стив Силберберг бил успешен софтверски прогрaмер, но многу несреќен. Секојдневните предизвици и барања го заморувале и често размислувал како да се извлече од секојдневната рутина и моделите што го ограничуваат во неговиот живот. Имал 40 години и размислувал дека се тоа само петнаесет години помалку отколку што имал татко му кога починал. „Татко ми никогаш не ги направи работите што ги сакаше“.

Колку пати се чувствуваме „заглавени“ во некоја ситуација или во модели на однесување?

Во нашата природа е да сакаме и да тежнееме кон најдоброто, но можеби не е секогаш реалистично да живееме на Хаваи или да бидеме богати и славни.

Зошто го правиме тоа? Зошто не побегнеме од својот „урнек“ на однесување? Речиси секој ги повторува негативните модели од дестството. Кога ќе пораснеме некако успеваме да создадеме услови многу слични на оние кои во нашето детство биле исклучително деструктивни. Стручниот термин за животна стапица е шема. Тој концепт потекнува од когнитивната психологија, а шемите се длабоко всадени уверувања за себе и светот, научени рано во животот. Тоа се нашите претстави за себе. Да се откажеш од своето верување би значело да се откажеш од уверувањата за она што сме и верувањето во својата претстава за светот, затоа и се држиме за нив дури и кога тоа нè повредува. Тие рано стекнати уверувања овозможуваат впечаток на предвидливост и сигурност, пријатни се и познати. На некој чуден начин чинат да се чувствуваме како дома, или на некое познато место. Затоа некои веруваат дека тоа е тешко да се промени.

Овие автодеструктивни шеми опстануваат зашто тоа е дел од човековот тежнеење кон постојаноста. Тоа е она што е познато. Иако шемата предизвикува болка, таа е позната и пријатна и затоа е тешко да се промени. Покрај тоа, животните стапици обично сме ги стекнале уште во детството како вид на соодветно адаптирање во семејството во коешто сме живееле. Тие шеми биле применети кога сме биле деца, но проблемот е во тоа што продолжуваме да ги повторуваме и кога веќе не ѝ служат на целта.

Како да се променат животните стапици?

Јанг и Клоско во својата книга „Осмислете го животот…“ објаснуваат дека шема терапијата ја развил доктор Арон Бек, во шеесеттите години од 20-от век. Основната премиса на когнитивната терапија е начинот на кој размислуваме за настаните во својот живот (когниција) одредува што чувствуваме за нив (емоции). Луѓето со емоционални проблеми се склони да ја искривуваат реалноста. Животните стапици нè наведуваат одредени видови ситуации да не ги гледаме точно, тие ја провоцираат нашата когниција. Доктор Бек предлага логично да ги испитаме своите мисли. Кога сме вознемирени, дали претеруваме, премногу субјективно ја гледаме ситуацијата, катастрофизираме (претерано ги зголемуваме нејзините негативни аспекти) или нешто слично? Имаат ли смисла нашите мисли? Постојат ли други начини да се согледа дадената ситуација? Бек вели дека своите негативни мисли треба да ги третираме на тој начин што ќе издвоиме мали експерименти. На пример, авторите велат дека една своја пациентка, Хедер, јанатерале да прошета сама по населбата за да види дека ништо лошо нема да ѝ се случи, иако била убедена дека ќе се раболи или дека некој ќе ја нападне и ограби.

Животните промени никогаш не се едноставни, но кога ќе научите да се фокусирате на идниот/идната себе, ќе се изненадите колку многу ќе постигнете.

„Како што се движиме низ животот, мора да ги модифициаме сопствените идентитети“, вели Равена Хелсон професорка по психологија на Универзитетот Беркли. Таа го водела истражувањето Милс, во кое 120 жени ги следела повеќе од 50 години, докажувајќи дека никогаш не е доцна човек да се промени себе си. „Дури и на 60-годишна возраст, луѓето може да одлучат да бидат поблиску до тоа какви луѓе сакаат да станат“.

Но, не може да постигнете толку тешки работи за само еден ден или за една недела, или како што вели Арт Маркман, професор по психологија на Универзитетот Тексас и автор на книгата „Паметна промена“ – за 12 и пол години, како што е во неговиот случај.

„Треба себе си да си дадете доволно време за да навистина ги постигнете своите цели“.

Но, Роберт Стивен Капан од школата за бизнис на Харвард, автор на книгата „Што навистина сакаше да направиш“, објаснува дека мора да знаете кој сте денес за да може да се промените. „Луѓето треба да ги разберат своите доблести, слабости, она што им е страст и нивнта сопствена приказна“.

Од една страна треба да се биде искрен со себе и да не се поставуваат недостижни цели.

Но, соновите се менуваат, зашто ако светот не стагнира, не стагнираме ниту ние, вели Каплан. Дури и ако соновите ни останат исти, можеби тоа нема да нè задоволи во иднина.

Но ако немате повеќегодишни цели, Маркман предупредува, ризикувате секојдневно да правите мали работи: да ја чистите куќата, праќате мејлови и гледате телевизија, без никаков придонес за смсилата на вашиот живот. Тоа може да остави впечаток на неисполнетост и неспокој.

Како да дознаете кон што треба да тежнеете? Проектирајте се себе далеку во иднината и прашајте се: За што ќе зажалам што не сум го направи?

Маркман сугерира дека треба да се направи сè за да се избегне таков крај. „Користете го тоа како начин да го испланирате сопствениот живот“.

Авторите на книгата „Осмислете го животот повторно“, кажуваат дека постојат некои општи чекори во шема терапијата, но дека најважно да се дознае што е нашата стапица (за тоа во книгата има и прашалник), а потоа да ја разбереме. Дали се работи за она повредено дете во нас, заради што е потребно да се присетиме на сè што сме поминале во детството. А потоа тоа да се побие на рационално ниво, а тоа значи да се одбие стапицата да ја прифатиме интелектуално (ако веќе тоа го правиме емоционално). Важно е да се докаже (на себе) дека таа стапица не е точна или дека е можно да се промени. Сè додека веруваме дека нашата животна стапица е валидна, нема да може да ја промениме. Затоа е важно себеси да си ги поставуваме прашањата дали е тоа навистина така, дали се работи за последица и дали може да ја промениме. Сигурно дека е најтешко да се разбие моделот и тука може да помогне шема терапијата. Секако, можно е да се промениме, но потребно е мнгу време и многу работа. Постојано да се соочуваш со себе, но да не се обесхрабриш и да не се повлечеш.

„Psychology Today“ пишува дека е важно да се следи напредокот, а некои користат важни датуми за да проценат дали се движат во добра насока или треба да ја сменат целта. Едно француско истражување кое следело 704 постари луѓе во текот на шест години, открило дека оние што биле доволно флексибилни за промена, да ги прилагодат своите цели, имале повисоко ниво на задоволство со животот. Колку да е негативно да се биде ригиден и негативен, затоа што тоа води во „врзино коло“ (колку што повеќе веруваме во негативните модели, алтернативните уверувања се потискуваат, безнадежноста се гледа како оправдана што води директно во депресија), лошо за нас може да биде и ригидно позитивниот модел. Зашто ако некој се навикнал секогаш да биде среќен, може да се чувствува поразено кога поминува низ потежок период. Поттикнувањето на когнитивната флексибилност е дел од решението.

Автор:Зорица Марковиќ

Извор: Nedeljnik

 

Автор: