Култура

Почина актерката Билјана Беличанец

Билјана Беличанец, актерка и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa  е пронајдена мртва во стан во Скопје. Родена е на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломира како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“. Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година. Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

Автор:

Слични статии