Култура

Јубилејниот 40. фестивал „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 21 септември

Јубилејното 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ годинава ќе се одржи од 14 до 21 септември. Директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, појасни дека фестивалот е поместен за една недела порано за да не се совпадне со другите европски фестивали,  така што ќе може да го посетат поголем број европски и светски филмаџии. Имено, одржувањето на ИФФК „Браќа Манаки“ секогаш се совпаѓаше со фестивалот во Сан Себастијан во Шпанија

Теодосиевска најави дека под мотото „Првите 40…“ јубилејот ќе биде прославен со богата програма, така што покрај покрај 14-те секции, ќе има и нешто ново. „ Ќе се обидеме малку повеќе да ја потсетиме нашата публика со најдобрите македонски, но и европски филмови кои можеби сме ги пропуштиле на времето. Ќе се обидеме да отвориме и два нови простори за прикажување, а тоа ќе се зависи и од средствата што ќе ги добиеме, и доста економично и штедливо да донесеме што подобра програма, рече директорката на фестивалот Гена Теодосиевска.

На денешната прес конференција, директорката Гена Теодосиевска и  уметничкиот директор Благој Куновски-Доре, зборуваа за големото признание за фестивалот – „Кристално око на ИМАГО“, награда што на фестивалот му ја додели Меѓународната  асоцијација на кинематограферите – ИМАГО за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност, којашто им беше врачена на 16 март во Белград. 

Оваа награда е уште едно големо и меѓународно признание за пионерската активност на Јанаки и Милтон Манаки, потврда за  напорите на сите оние кои што го покренале овој фестивал пред 40 години, дружина храбри филмски автори и вљубеници во филмската уметност, луѓе со визија.

Наградата за нас како фестивал е признание и триумф за сите генерации и повеќе од Оскар бидејќи ИМАГО е исклучително значајна асоцијација“, рече Куновски.

Преку Медиа-дескот во земјава, „Браќа Манаки“ од оваа година  соработува со два европски фестивали – Фестивалот на краток и анимиран филм од Барселона и со програма од неколку филмови за деца од фестивалот во Копенхаген.

Македонски филмови и автори се избрани во претпрограмата на „Short Waves Festival“ во Познањ, Полска. Овој месец таму, во рамки на македонска вечер на „Random Home Cinema“, пред најголем дел студентска публика биле прикажани пет кратки филмови во селекција на Слаѓан Пенев и Марија Апчевска: „Малина“  на Анастасија Лазаровска;  „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов; „Награда“ на Лидија Мојсовска;  „They come from the center of the world“ на Дина Дума и „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по главата“ од Вардан Тозија.

Автор:

Слични статии