Култура

„Златна мечка“ за Израелецот Надав Лапид

Филмот „Синоними“, на израелскиот режисер Надав Лапид, ја доби наградата „Златна мечка“ за најдобар филм на 69. Меѓународен филмски фестивал во Берлин. Приказната е за Израелец, кој се обидува да го потисне своето потекло откако се преселил во Париз. Лапид ова остварување го посвети на неговата мајка Ери Лапид, која ги уредуваше неговите филмови до смртта.

  • Ние го направивме овој филм помеѓу редакцијата и болницата, беше тоа натпревар помеѓу смртта и завршувањето на филмот и смртта победи, изјави тој за Рејтерс.

Со „Сребрена мечка” во категоријата за најдобра режија е наградена германската актерка и режисерка Ангела Шанелец за филмот „Јас бев дома, но“. „Сребрената мечка„ за најдобар актер, пак, ја доби кинезот Ванг Јингчун за улогата во филмот „Со Лонг, Мѕ Сон”, а во категоријата на најдобра актерка оваа награда и припадна на кинеската актерка Јонг Меи за улогата во истиот филм. Наградата Гран при, пак, ја доби филмот „Милост Божја“ на францускиот режисер Франсоа Озон.

Со жирито председавше француската актерка Жилиет Бинош, а членовите беа режисерот Себастијан Лелио и англиската актерка Труди Стајлер.
Почесната „Златна мечка” за животно дело годинава и е доделена на британската актерка Шарлот Реплинг, а во нејзина чест е прикажано култното остварување од 1974 „Ноќни портир” на италијанската режисерка Лилијана Кавани.

Македонскиот филм „Господ постои името и е Петрунија” на Теона Стругар Митевска, пак, се закити со две награди, од независното жири „Ecumenical” и награда „Guild Film Prize”. „Ecumenical Award“ е независна награда која од 1973 им се доделува на филмови на филмски фестивали како Кан, Берлин, Локарно, Монтреал и Карлови Вари. Целта е да се оддаде почит на уметничките дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората, пак, ја доделува тричлена жири-комисија, чии членови се управители на арт-кина.

Автор:

Слични статии