Култура

Почина големиот српски режисер Душан Макавеев

Познатиот српски режисер Душан Макавеев почина денеска во 82 година од животот. Тој создаде филмови кои го критикуваа гнилото општество, како комунистичкото, така и капиталистичкото. Негови филмови се: „Парада“ (1962), „Човекот не е птица“, „Љубовен случај или трагедијата на поштенската службеничка“ (1967), „Невиност без заштита“ (1968), „Ми недостига Соња Хени“ (1972) и други. Душан Макавеев е роден на 13 октомври 1932 година во Белград. Дипломирал психологија на Филозофскиот факултет во Белград. . Душан Макавеев  kако голем познавач на делата на психологот Вилхелм Рајх, често ги користел неговите учења во филмовите. Неговиот филм „Мистерии на организмот“ (1971) бил токму посветен на овој никогаш доволно признат револуционер-психолог.

Бил уредник на многу списанија. Имал важна улога во студентските демонстрации од 1968 година. Добитник е на многубројни домашни и странски награди, меѓу кои и „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал за филмот „Невиност без заштита“, „Сребрена арена“ во Пула, „Филмска легенда“ која ја доделува Фестивалот на филмови од Југоисточна Европа со седиште во Париз и многу други. Во септември минатата година е промовиран во почесен доктор на Ректоратот на уметностите во Белград.

Автор:

Слични статии