Доделени Глобусите. Филмот „Рома“ на Алфонско Куарон е најдобар странски филм
— 8 јануари, 2019
Филмот „Боемска рапсодија“, чиј наслов е земен од познатата нумера на рок групата „Квин“, е победникот на доделувањето на 76. издание на Златен Глобус во Беверли Хилс. Филмот е за групата „Квин“, поточно се работи за биографски филм за Фреди Меркјури, кој ги освои двете големи награди, ги зема статуетките за најдобар филм/драма и за најдобар актер во драмата, актерот Рами Малек, кој го игра фронтменот на групата.
Фаворитот „Ѕвезда е родена“, од петте номинации, ја доби само наградата за најдобра песна за „Плитко“ (Shallow). Леди Гага доби Златен глобус за најдобра песна во „Ѕвезда е родена“. Најдобра актерка за филм/драма е Глен Клоуз за улогата во „Сопруга“.
Кристијан Бејл и Оливија Колман добија Златни глобуси за најдобар актер и актерка во категоријата најдобар филм комедија/мјузикл, за улогите во „Потпретседател“ и „Фаворитот“.
Најдобар режисер е Алфонсо Куарон, а неговиот „Рома“ е и најдобар странски филм. Втор голем победник на вечерта е „Зелена книга“, филм награден за најдобар мјузикл/комедија, најдобро сценарио и актер во споредна улога за Махершала Али. Победниците на Златните глобуси важат за предвесници за Оскарите, кои ќе се доделат следниот месец.