Сите ние сме урнатина
— 23 декември, 2018Пред дваесет и девет години, како млад студент на институтот за арапски јазик во Дамаск, имав можност со некои мои другари да го посетам Алепо (Халеб). Тоа е град со импозантна структура, стар илјадници години, чиишто улици се проткаени со духот на древната историја каде што со векови се мешале секакви цивилизации. Таму ќе видите Арапи со бел, црвен и темен тен на кожата. Неретко ќе здогледате убава девојка со плави очи…., ви станува јасно дека сте во исконската Месопотамија т.е. Сирија.
… со градот владееле старите Грци, Римјани, Византијци, Монголите на Џингис Кан, Арапи, Османлии, англиско-француските окупациони сили и с така до прогласувањето на Сириската република. Улиците беа поплочени со стар камен и мермер, а ѕидовите на куќите постојано ве држат во еден безвремен простор…, Во секој момент очекувате пред вас да се појават војниците на Римската Империја кои на коњи ќе продефилираат онака, гордо и дрско,,, но, кога ќе зајдете зад аголот на спомнатата уличка, тука настапува второто изненадување! Сега сте во светот на исламската култура каде што духот на првите муслимански освојувачи од пред 1380 години ….
Страшниот злосторнички режим на Башар Асад, со неговите руски сојузници, овој град го срамнија со земја во име на борбата против тероризмот! Зарем цел град од 2,5 милиони луѓе биле терористи?! Алепо веќе не постои! Тоа е уништен град! Од таму се избришани историските траги на светските цивилизации кои со милениуми воделе борба против забот на времето но, ете ги, „борците против тероризмот“, Путин и неговата армада, конечно му ставија точка на постоењето на Алепо каков беше порано. Исконската Емевиска џамија стара 1.300 години е срамнета со земја.
Затоа драги мои, немојте да ми замерите кога овој текст го насловувам со: СИТЕ НИЕ СМЕ УРНАТИНА! Да, сите ние сме како урнатина, бидејќи не успеавме да им помогнеме на жителите на Алепо туку немо и немоќно гледавме како жени, старци, деца и немоќни млади луѓе систематски ги погубуваат пред очите на светската јавност! Главното оправдување на Башар и Путин беше борбата против тероризмот!
Но, ИСИС не беше присутен во Алепо! Ниту една радикално-екстремна воена групација не беше присутна внатре во Алепо. Тие беа наоколу, во регионот, но не и во градот. Таму беа само силите на умерената опозиција, поддржани од владата на САД, .. Диктаторизмот во Сирија останува на сила за и понатаму да им служи на неговите газди! …За крај, гледам деновиве се појавиле воини на Фејсбук подземјето со реторика од која се леди крвта во жилите! Драги мои националисти, шовинисти, гомнари и пробисвети од сите јазбини и вукојебини во Македонија, ич‘ не ми е гајле дали зборувате “каурски“ или “шиптарски“, каде припаѓате и од каде доаѓате, вие кои размислувате со газот, а не со умот, дали сакате Алепо да си го донесете во својот двор, бидејќи обично, национализмот и верскиот радикализам тоа го носат со себе!
Имајте памет и доблест и престанете! Има доволно широчина за сите нас!
Автор: Хусеин еф. Адеми – теолог
Целиот текст е објавен во Civik и мoже да се отвори тука