Реге музиката влезе на листата на УНЕСКО
— 19 декември, 2018УНЕСКО ја стави реге-музиката на листата на заштитено наследство поради впечатливиот карактер и општествената функција. Регето е музика вкоренета само во духот на Јамајка, но одамна стана глобално популарна и важна за културата и меѓународниот дискурс. Реге музиката стана популарна во САД, но особено процвета во Велика Британија, која станала дом на многу жители на Јамајка уште од крајот на Втората светска војна. Едно од најновите дополненија на УНЕСКО на листата на нематеријално културно наследство е реге-музиката. Овој жанр, кој многумина го сметаат за вонвременски, сега навистина ќе биде тоа, како вистинско културно богатство. Реге-музиката е со потекло од Јамајка, каде што настанала за сите оние угнетени и маргинализирани да добијат свој глас и начин да се изразат. Оваа земја поднесе барање тој жанр да се најде на листата на УНЕСКО како културен феномен што заслужува меѓународно препознавање.
Заштитената листа постои од 2008 година и произлезе од конвенцијата на ООН за заштита на нематеријалното културно наследство во 2003 година. УНЕСКО прифати реге-музиката да се најде на листата на заштитено наследство поради својот впечатлив карактер и општествената функција. Многу познати уметници пеат за неправдата, љубовта, религијата, општеството, а песните се популарни на сите континенти без оглед на расата, полот и политичкото и верското определување. Крајната порака на регето е љубов и мир за сите луѓе.
Други културни традиции кои се најдоа на списокот се и шпанските училиште за јавање во Виена, монголските ритуали со камили и кукларството во Чешка.