Култура

На територијата на ОХИС постои и трета депонија со голема веројатност дека во неа е складиран линдан

Постои можност во третата депонија, што се наоѓа на територијата на ОХИС, да е складиран линдан, објавува Мета.  На територијата на некогаш големата фабрика ОХИС , веќе постојат две депонии полни со отровниот линдан. Оваа информација дојде од министерот без ресор за странски инвестиции Аднан Ќахил,  кој е дел од работната група формирана од Владата за решавање на проблемот со линданот и воедно е поранешен вработен во фабриката ОХИС. 

Доколку се покаже дека и на оваа депонија има линдан, заедно со другите две веќе потврдени депонии во ОХИС и можната депонија во излетничкото место Пеленица во Драчево прават вкупно четири депонии со канцерогената токсична супстанца линдан на територијата на Скопје.

 

Автор:

Слични статии