Култура

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија организира одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство 30 октомври, вторник, во 12 часот. Светскиот ден на аудиовизуелно наследство се одбележува на 27 октомври, но настаните во негова чест се организираат околу овој датум. Одбележувањето на денот го започна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓунаародните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA -Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations).

Годинешново мото под кое низ целиот свет се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани е „Твојата приказна во движење“. Кинотеката на Македонија по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењетона националното кинематографско наследство, и потребата истото да се сочува и пренесе на идните генерации.

Автор:

Слични статии