Култура

Предавање за африканските обреди

Во Музејот на Македонија, во среда, 24 октомври, со почеток од 12 часот ќе се одржи  предавање на доц. д-р Гоце Наумов со наслов „Тела и лица: африканска обредна иконографија“.

Предавањето ќе направи осврт на скулптурите и маските што се користат во африканските обреди, истакнувајќи ги нивните визуелни и симболички обележја. Во преден план ќе бидат ставени телесноста, хибридноста и отелотворувањето како ликовно-семиотички концепти, но исто така и обредите во коишто овие предмети се користеле.

Предавањето се одржува во рамки на изложбата „Духовите на Африка“ која е поставена во Музеј на Македонија, така што присутните ќе имаат можност за детално водење низ изложбата по предавањето.

Автор:

Слични статии