Култура

Ревија на народни носии од Скопскиот регион

Во Музејот на Македонија денеска, 6 септември,  се одржа етно културната манифестација „Ревија на народни носии од Скопскиот регион” како дел од одбележувањето на 8 септември, Денот на независнота на Република Македонија што го организира Музејот на Македонија во соработка со Здружението на уметници
ракотворци „Арти Крафт“ и Град Скопје.
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, ја отвори изложбата на
ракотворби во кошто спаѓаат народни носии, накит и сувенири. Таа истакна дека годинава по трети пат како град Скопје ја поддржува оваа манифестација. Преку различни програми, манифестации, трибини, градот го 
поттикнува развојот на старите занаети, меѓу кои е и домашното ракотворење, токму преку
промовирањето на нашето богато културно наследство и на традицијата.
Директорот на Музеј на Македонија, Гордан Николов ја истакна потребата да се
заштитат занаетите за изработка на сите предмети кои имаат етнографска културна вредност.
„Умеењета на изработка, што претставува нематријално културно богатсто, како
традиционалниот вез на пример, не е заштиитено и мора итно да се донесат соодветни
закони за заштита на нематеријалното културно наследство. Музејот на Македонија може
да поддржи формирање на центар за негување, зашитита, истражување и промоција на
нематеријалното кулурното наследство, со цел да се заштити умеењето на изработка, а не
само предметите. Досега не е доволно направено на овој план и ние, како Музеј на овој
начин, преку соработка со невладиниот сектор и Град Скопје придонесуваме за заштитата
на овие културни вредности“, рече Николов.
На крајот пред присутните се обрати и Гордана Митровска, претседателка на ЗУР „Арти
Крафт“, која го истакна значењето на овој вид манифестации.
Присутните учесници и гости на манифестацијата имаа можноста да ја видат ревијата на
15 културно уметнички друштва од различно етничко потекло, облечени во носии од
Скопскиот регион, да ги видат раскошните ракотворби, да вкусат од традиционалните
специјалитети и да уживаат во настапот на Виолета Томовска, доајенката на македонската
народна музика и богатата програма на манифестацијата на која учествуваа повеќе од 15 културни уметнички друштва.

Автор:

Слични статии