Култура

Десет претстави на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Десет претстави со педесеттина актери се на програмата на 26-то на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“  кој ќе се отвори на Денот на независноста 8 Септемвр4и и ќе трае до 12 овој месец. На овој фестивал се доделува единствена награда за најдобро актерско остварување што се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот-актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1500 евра.

Директорот на Фестивалот „Ристо Шишков“ е  Ванчо Ристов Патриков. Годинава се селектирани  десет претстави од Македонија, Бугарија, Србија и Словенија. На свеченото отворање ќе се одигра претставата „Клетници“ од Виктор Иго во изведба на прилепскиот театар. И на ова фестивалско издание е подготвена богата програма, интересни театарски постановки, богата „офф“ фестивалска програма со промоција на повеќе дела, како и средба на поети од Македонија и Бугарија.

Фестивалската жири комисија ќе ја предводи ланската лауератка, српската актерка Тања Бошковиќ, а членови се професорката Василка Кортенска од Бугарија и македонската актерка, Јоана Поповска. Фестивалот е потпомогнат од Министерството за култура и општина Струмица.

Автор:

Слични статии