Куарон, Гослинг, Итан Коен… во трката за „Златен лав“ во Венеција
— 30 август, 2018Со премиерата на „Првиот човек“ на оскаровецот Демиен Шазел за Нил Армстронг, вчера беше отворено седумдседет и петтото издание на Венецискиот филмски фестивал. На свеченото отворање, на британската актерка Ванеса Редгрејв и беше врачен „Златен лав“ за животно дело.
За главната награда Златен лав, ќе се натпреваруваат, „Првиот човек“ со Рајан Гослинг, вестернот на Џоел и Итан Коен „Баладата на Бастер Скрагс“, мексиканската семејна драма „Рома“ на Алфонсо Куарон и римејкот на италијанскиот хорор „Суспирија“ од 1970 во режија на Лука Гвадањино, авторот на „Викај ме по твоето име“, вкупно 20 филмови се во конкуенција.
Од сите филмови во конкуренција за Златен лав, само еден, „Славејот“ на Џенифер Кинт е дело на режисерка, поради што организаторите на фестивалот добија негативни критики за половата нееднаквост.
Вон конкуренција ќе игра еден од најочекуваните филмови за годинава, „Ѕвездата е родена“, режисерско деби на актерот Бредли Купер со Леди Гага во главната улога.
Венециската Мостра, која ќе трае до осми септември, е најстар филмски фестивал, кој во последниве години лансира филмови што добија Оскари, како „Обликот на водата“ кој доби „Оскар“ за најдобар филм за 2017. „Обликот на водата“ лани го освои „Златниот лав“, а режисерот Гилјермо дел Торо годинава е претседател на жирито.