Големата италијанска и светска актерка Клаудија Кардинале е добитничката на Специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светскта кинематографија. Таа ќе пристигне во Битола на отворањето на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе биде отворен на 22 септември, кога ќе и’ биде доделена наградата.
„Се заложив на фестивалот да донесам едно значајно име од филмската уметност, филмска
дива која е се’ уште активна и со голем успех се појавува во поновите европски, но и
холивудски проекти, актерка на која фестивалот во Кан, минатата година, и’ оддаде почит
ставајќи го нејзиниот лик на фстивалскиот плакат“, рече директорката на ИФФК „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска.
Таа потенцираше дека подготовките за фестивалот се одвиваат нормално и за разлика од
минатата година без поголеми стресови и непријатни ситуации, како што било случај во
минатите две години, за што се заблагодари на Агенцијата за филм и на Горјан Тозија.
„И годинава фестивалот достојно ќе ја исполни својата функција, да ја промовира нашата
култура, уметност и традиција, да едуцира и да приложи нови концепти на светската
филмска уметност како премиерни изданија во Македонија“, рече Теодосиевска.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска рече дека се гордее со овој Фестивал којшто претставува значаен белег на градот.
Алесио Ликвори, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Република Италија во
Македонија, рече дека како Италијанци се повеќе од горди што наградата годинава и’ е
доделена на Клаудија Кардинале која е уметнички, но и женски симбол со кој се гордее
италијанската кинематографија и култура.
Уметничкиот директор Благоја Куновски Доре ги објави имињата на членовите на
меѓународното жири кои ќе ја вреднуваат работата на кинематограферите во главната
селекција и ќе одлучат за добитниците на престижната награда Златната, Сребрена и
Бронзена Камера 300 Тоа се: Olympia Mytilinaiou, кинематографер (Грција) – претседател, Rainer Klausmann, кинематографер (Швајцарија) – член, Ѓорче Ставрески, режисер (Македонија) – член, Mattias Troelstrup, кинематографер (Данска) – член и Rebecca Fayyad Palud, агент (Франција) – член.