Објавен „Речник на хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“
— 21 јули, 2018Лексикографската публикација „Речник на хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“ ја објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“. Хомоними се зборови кои се исти во изговорот и пишувањето, но имаат различно значење. Автор на овој прв научен и лексикографски труд и прва публикација за хомонимите меѓу овие два јазика е Филиз Мехметоглу од Истанбул, Турција.
Речникот е всушност адаптирана верзија за печатење на истоимената магистерска теза што беше одбранета во 2015 година на Филолошкиот факултет. Овој труд е составен од два дела. Првиот дел содржи текстови со кои се објаснува и се образложува речникот. Најпрво е дадено објаснување на зборот „хомоним“ според лексикологијата и етимолошките речници, се објаснува како термин во смисла на литературата, потоа авторката дава објаснувања за структурата на речникот, главните принципи на речникот, методологијата во врска со преводот и принципите за избор на зборовите.
Филиз Мехметоглу истовремено дипломира и на Истанбулскиот универзитет, насока – филозофија. Коавтор e на три книги и на 17 научноистражувачки труда, подготвувани првенствено за меѓународни конференции, симпозиуми и научни списанија. Речиси сите директно или индиректно се однесуваат и на македонскиот јазик. Живее и работи во Истанбул.