Александар Поповски си поднесе оставка од Управниот одбор на МНТ
— 30 јуни, 2018- Не ме интересира учество во тело кое ќе седи и ќе биде нем набљудувач на состојбите“, категоричен е режисерот Александар Поповски, кој е одлучи да си поднесе оставка на местото претседател на Управниот одбор при Македонскиот народен театар. Незадоволен од состојбите на статус кво што траат цела година, кко што се: не назначување директор и нов уметнички раководител, нерасчистена ситуација во однос на моменталните финансиски обврски и посебно од молко т на надлежните институции за овие проблеми, режисерот се одлучил на овој чекор, пишува Радио Слободна Европа .
Постои нерасчистена ситуација во однос на моменталните финансиски обврски на Театарот кон добавувачи врз основа на претходно склучени договори за јавни набавки на стоки, услуги и обврски за комуналии во периодот 2015-2017 година. Според него, постои основ на сомневање за ненаменско трошење на средства во износ од 150 илјади евра. Ова сума била утврдена од правната служба на МНТ и од страна на независна ревизија, а по барање на Управниот одбор и сегашниот в.д директор Симона Угриновска. Се разбира, за ова биле известени Министерството за култура и службите на МВР.
И по цела една година од кога е формиран овој Управен одбор, сè уште нема ниту блага назнака тие да започнат да се бават со проблемите што ја тресат оваа наша национална театарска куќа.
Имено, исто толку време се чека на распишувањето на конкурс за нов директор и за назначување на нов уметнички раководител поради нејасниот статус на работното место на неговиот колега Дејан Пројковски, кој по поднесената оставка на местото директор, во систематизацијата на МНТ фигурира и како режисер и како уметнички директор. Згора на тоа, тука се и другите проблеми со вработувањата и уште многу други нелогичности со што „дополнително се парализира работата на МНТ“.
Идејата да биде еден од членовите на управниот одбор за него била многу важна бидејќи „чувствувал дека МНТ низ една транспарентна и квалитетна процедура треба да добие директор кој ќе го дефинира уметничкиот правец на оваа куќа“. Се залагал за тоа да биде на начин на кој „само стручноста и квалитетот на програмската и уметничката визија ќе пресудат за изборот“.
„Мој личен став е дека апсолутно во културата треба да се искристализираат работите на поинаков начин. Да се мрднеме од ова каде што сме, бидејќи сега одиме само по инерција.
– Ајде да ја дефинираме културата. Ако претходно, по смената на власта, беа тоа луѓе кои се залагаа за еден друг тип на култура, тој тип на култура сега треба да се направи.