Жена ќе претседава со жирито на Канскиот фестивал
— 8 јануари, 2018На 71-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, со жирито ќе претседава австралиската актерка Кејт Бланшет која е 12-та жена што претседава со жирито на Канскиот фестивал.
Блашнет, добитничка на два „Оскара“, е една од предводничките на борбата против сексуалното вознемирување. Таа заедно со актерките Натали Портман и Мерил Стрип ја формира фондацијата „Готово е“ за помош на жртвите од сексуално злоупотребување. Австралиската актерка , четири години по новозеландската режисерка Џејм Кемпион.
Канскиот филмски фестивал, што се одржува од 8 до 19 мај, стартувал во 1930-тите години по иницијативата од францускиот министер за образование и уметност Жан Зеја, како алтернатива на филмскиот фестивал во Венеција. Сегашната форма на филмската смотра е воспоставена по 1951 година, кога претседател на жирито во текот на неколку години бил Жан Кокто, францускиот писател, поет, драматург, уметник и филмски режисер. Од 1952 година смотрата постојано се одржува во мај во Фестивалскиот дворец.
Фестивалот често бил критикуван поради доминација на мажите во жирито и во главната натпреварувачка програма. Минатата година Кан го прослави својот 70-ти роденден, со кој раководеше италијанската актерка Моника Белучи. Фестивалот го отвори филмот „Духовите на Исмаил“,на режисерот Арно Деплешен. За престижната „Златна палма“ се натпреваруваа 19 филма – по четири од Франција и САД, два од Јужна Кореја и по еден од Унгарија, Австрија, Русија, Украина, Грција, Британија, Германија и Јапонија. Претседател на стручното жири беше шпанскиот режисер Педро Алмодовар.