Турските „ѓубреџии“ собирале фрлени книги и си направиле своја библиотека
— 25 јануари, 2018
Градската фирма за хигиена во Анкара има своја библиотека, а сите книги се прибрани од контејнерите во градот од страна на работниците на ова претпријатие.
Читањето е добро за мозокот и ве наведува на нови идеи, вели дваесетгодишниот Ерај Јилмаз, кој работи на издавање на книги во оваа библиотека на читателите. Оваа библиотека има 4.700 книги, а уште 1.500 книги чекаат да го заземат своето место на полиците.
- Овие книги требаше да завршат на отпадот, а ние им подаривме нов живот вели Емирали Уртекин, управител на библиотеката.
Идејата се родила кога со колегите размислувале за тоа што би можеле да работат покрај редовната работа. Така, формирале и музичка група, чии членови свират на канти од ѓубре фрлени како старо железо.
Проектот стартувал пред седум месеци, а книгите се поделени по жанрови: од љубовни романи, преку детски книги, па се до правилници за стопанисување. Во почетокот библиотеката ја користеле само работниците на градската фирма за чистење на округот Џанкаја, чија бројка изнесува 700 работници, но денес е отворена за сите и работи 24 часа.
Преземено од:Бука
1 Comment
I wilⅼ right away take һold of your rѕs аs I can’t to find your email subscription link or e-newsletter service.
Do youu have any? Kindly allow me realize soo thаt I may subscribe.
Thanks.