Култура

Почина Долорес О’Риордан, пејачката на бендот „Кренберис“

Долорес О’Рирдан, пејачката на Кренберис, The Cranberries, почина на 15 јануари,  ненадејно во хотел во Лондон на возраст од 46 години.  Причината за смртта не е откриена, а нејзиниот публицист само рече дека О’Рирдан ненадејно починала во Лондон, објави Ти-ем-зи. „Членовите на семејството се скршени од болка поради веста и побараа приватност во ова мошне тешко време“, се додава во соопштението.

Лондонската полиција исто така ја потврди веста, вели Гардијан, и дека телото на О’Рирдан било најдено во хотелот „Парк лејн“. „Во оваа рана фаза смртта се третира како нејасна“, се вели во полициското соопштение.

О’Рирдан и групата од Лимерик снимале во Лондон. Кренберис стекна меѓународна слава уште во 1990-тите со хитовите како „Zombie“ и „Linger“. О’Рирдан остави три деца; таа се разведе од сопругот во 2014 година.

Ти-ем-зи потсетува дека Долорес во 2013 година се обиде да се самоубие, велејќи дека страда од депресија и ментален слом. Ѝ беше дијагностицирано и биполарно растројство. Долорес рече дека верува дека некои од нејзините емоционални проблеми потекнуваат од злоупотребите додека била дете.

 

Дел од нејзиниот последен настап со Кренберис на 20 мај 2017 во Лондон.

 

Автор:

Слични статии