Култура

Американска премиера на филмот „Исцелител“

 Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорѓи Ставрески, премиерно ќе биде прикажан во САД, на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара – Калифорнија. Филмот ќе се прикаже во натпреварувачката селекција на интернационални филмови заедно со уште 11 филма. Премиерното прикажување ќе биде на 1 февруари, а филмот ќе има уште две проекции во текот на фестивалот, којшто ова година го има своето 32-ро издание SBIFF – интернационален филмски фестивал, Санта Барбара.

Со своите активности тој последните години е еден од водечките филмски фестивали во САД, кој нуди дела од независната и интернационална кинематографска сцена и привлекува повеќе од 90.000 гледачи. Во склоп на фестивалот се оддаваат и посебни признанија на филмските ѕвезди. Некои од добитниците на наградите од изминатите години се Анет Бенинг, Мартин Скорсезе, Квентин Тарантино, Џенифер Лоренс и Шарлиз Терон, а овогодинешна добитничка е Серше Ронан за улогата во филмот „Лејди бирд“. „Исцелител“ овој викенд ја имаше својата премиера во Кочани, каде двете проекции беа проследени со огромен интерес од страна на многубројната публика. Филмот веќе девета седмица се прикажува во кината во Скопје, а досега имаше и проекции во Битола и Штип. „Исцелител“ во кино салите досега беше прикажан пред повеќе од 10,000 домашни гледачи.

 

лма.

 

Автор:

Слични статии