Култура

Во знак на протест за притворот на Владо Јовановски актерите ја одложија претставата „Ничија земја“

Пред полна сала актерите на Македонскиот Народен Театар, вечерва ја одложија претставата „Ничија земја“. Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи и се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега претставата нема да се одигра, пренесува Наше Театарле.мк

По ова публиката беше замолена да ја напушти салата. Владо Јовановски доби притвор во рамките на акцијата за настаните на 27 април во Собранието

Автор:

Слични статии