Култура

Ретроспективна изложба по повод 90 години од раѓањето на Петар Мазев

По повод 90 години од раѓањето на еден од најреспектираните македонски сликари, Петар Мазев, утревечер во 20 часот во Даут-пашин амам ќе биде отворена голема ретропсективна изложба на Петар Мазев. 

На изложбата  се опфатени околу 70 дела од неколкуте фази на авторот, од кои повеќето не се познати на пошироката јавност. Маја Неделкоска Брзанова, едена од кураторките на прес-конференцијата, рече дека изложбата е составена од дела кои прават пресек на творештвото на Мазев, следејќи го неговиот развој и пат, од самите почетоци на 50 години од минатиот век се до неговата смрт во 1993 година.„Тоа се пред се дела кои на ликовната јавност се малку, или воопшто познати дела, од кои некои досега воопшто не биле изложувани. Тие условно  го следат временски дискурс и неговиот развоен пат како автор. 

Тимот на Националната галерија, на чело со директорката Дита Старова – Ќерими, истакна дека делата застапени на изложбата се позајмени од Музејот на современата уметност во Скопје, Заводот и Музеј од Охрид, Културно-информативниот центар од Скопје, Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица но, и голем број колекционери. Директорката Старова Ќерими потенцира дека  јубилејната изложба ќе биде отворена во објектот Даут-пашин амам со обновена светлосна и просторна инсталација, Воедно ќе биде промовирана  специјализирана продавница за сувенири, посветени на Петар Мазев.

.

 

Автор: