Култура

Почина прочуениот руски оперски пејач Дмитриј Хворостовски

Прочуениот руски оперски пејач Дмитриј Хворостовски, почина синоќа во 55-та година од животот, по двегодишната борба со ракот.

– Славниот баритон почина мирно и опкружен со семејството во Лондон. Нека топлината на неговиот глас и виножитото секогаш бидат со нас – се вели во соопштението.

На Хворостовски во 2015 година му беше откриен тумор на мозокот, по што тој објави крај на кариерата. Сепак, годинава во мај непланирано се појави во Метрополитен операта во Њујорк и отпеа арија од „Риголето”.  Во 2015-та беше одликуван со орденот „Александар Невски“, а годинава го доби рускиот Орден за заслуги за татковината. 

Дмитриј Хворостовки е прв оперски пејач кој одржал солистички концерт со оркестар и хор на Црвениот Плоштад во Москва емитуван во повеќе од 25 земји. Контактите со Русија продолжуваат со бројни престижни концерти во Москва како дел од специјалните серии „Дмитриј Хворостовски и пријатели“ со прочуените светски уметници. Хворостовски оствари историска турнеја во руските градови по поканата на Претседателот Путин, настапувајќи пред огромен аудиториум од стотини илјади луѓе во сеќавање на војниците на Втората Светска војна.

Хворостовски настапи на отворањето на Охридско лето во 2013 година во 2013 година. 

Автор:

Слични статии