Култура

Во Скопје отворена 148- та седница на Бордот на директори на „Еуримаж“

Денеска во Скопје, беше отворена 148-та Седница на Бордот на директори на најголемиот европски филмски фонд „Еуримаж“. Република Македонија е домаќин на оваа сесија на Генералното собрание на Еуримаж, што ја отвори министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, и ќе трае до  20. октомври.  Агенцијата за филм на Република Македонија е организатор на оваа сесија. Фондот е основан во 1989 година во рамките на Советот на Европа и има јасна, културна цел, која е комплементарна на програмата Медиа на Европската Комисија. Во моментот, фондот брои 38 земји – членки, а Република Македонија е член од 2003 година.

На седницата се присутни 60 претставници на земјите – членки од Европа и Канада. „Еуримаж“ е најголем европски фонд за копродукции, без чија поддршка нема да можеа да бидат реализирани врвни дела од европската кинематографија. Оваа сесија ќе резултира со успешни ко – продукции, со што ќе се придонесе кон унапредување на меѓународната соработка, истакна министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Тој изрази желба во иднина да се реализираат повеќе успешни и квалитетни филмови и копродукции, кои ќе бидат видени не само од регионалната публика туку и пошироко. „Сакаме да ја унапредиме соработката со Еуримаж токму во оваа насока, создавање на услови за продукција на квалитетни филмови, во духот на модерните европски  вредности. Поддршката од Еуримаж за македонскиот филм секогаш била значајна, а Министерството ќе биде тука секогаш како партнер од доверба за реализација на целите и заложбите, кои за сите нас се несомнено заеднички“, рече Алаѓозовски.

На ова Генерално собрание, на кое присуствуваат претседателката на „Еуримаж“, Кетрин Траутман, извршниот директор на Еуримаж, Роберто Ола, заменикот извршен директор на „Еуримаж“ Енрико Венучи и националните претставници на земјите членки на „Еуримаж“, покрај одлуките за поддршка на европски копродукции, ќе се расправа и за стратешките определби на фондот, кој има развиено четири посебни програми за финансирање.

 

Автор:

Слични статии