Култура

(ВИДЕО) „Крег Тејборн квартет“ од САД и „Ларџ Јунит“ од Норвешка ќе го затворат 36. Скопски џез-фестивал

На последната вечер на 36. Скопски џез фестивал ќе настапат, квартетот на Крег Тејборн од САД и бендот на Пал Нилсен -Лав во Македонската опера и балет, со почеток  во 20 часот, Роберто Отавиано, еден од најпознатите италијански саксофонисти ќе настапи во киното „Фросина“  во МКЦ во 17 часот. 

 Пијанистот, органист, клавијатурист и композитор Крег Тејборн има широк спектар стилови кои често ги адаптира кон природата на инструментот и звуците кои што може да ги создаде. Има широк спектар стилови кои често ги адаптира кон природата на инструментот и звуците што тој може да ги создаде. Има објавено шест албуми под свое име, а на повеќе од 80 се појавува како придружен музичар. Се смета за најдобар џез-пијанист во својата генерација. Повеќе пати ја има добиено доби наградата „Пијанист на годината”.  Тејборн има објавено шест албуми под свое име, а се појавува на повеќе од 80 како придружен музичар, вклучувајќи ги соработките со Роско Мичел, Дејв Даглас, Дејвид Торн, Еван Паркер, Кристијан Мекбрајд, Дејв Холанд и други.

Пал Нилсен-Лав е еден од творечки најпродуктивните и најактивните норвешки музичари во последните 20 години. Во 2013 година Нилсен-Лав решава дека е време да основа свој голем ансамбл. Со главно помлади норвешки музичари во составот „Ларџ јунит“ музиката се манифестира како интензивна и моќна сила на сцената, но исто така навлегува и во посуптилни и текстурални пасажи. Во бендот свират и музичари од Финска, Шведска и Данска целината се смета за нордиска музика во своето најмоќно издание.

Отавиано го усовршува свирењето саксофон со Федерико Монделчи и Стив Лејси, а компонирање и аранжмани со Бил Русо и Џорџ Расел. Од 1979 година има интензивна концертна активност, бројни снимања во цела Европа и соработки со некои од најважните американски и европски музичари како се Мел Валдрон, Реџи Воркмен, Ендрју Сирил, Кит Типет, Реј Андерсон. Има богата и разновидна дискографија, а како педагог, тој е основачот на џез одделот на Музичкиот конзерваториум во Бари, каде што работи веќе 30 години.

Автор:

Слични статии