Култура

Германскиот филмски фестивал го отвора филмот „Чик“ на Фатих Акин

Утревечер, (4 октомври’ во киното Милениум, во 20 часот ќе започне 13. Фестивал на германскиот филм кој освен во Скопје ќе се одржи и во Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Куманово, Штип и Струмица. Фестивалот ќе го отвори наградуваниот игран филм „Чик“ на култниот Фатих Акин. На отворањето свое обраќање ќе имаат, амбасадорот CР Германија во Македонија Н.Е Томас Герберих, госпоѓа Емилија Спировска од ПроКредит Банка како еден од организаторите изминативе 13 години и директорот на МКЦ, Златко Стевковски. На програмата се 10 современи германски наслови. По отворањето, фестивалот се сели во киното Фросина, каде ќе можат да се погледнат сите филмови.

Во Центарот за култура во Охрид фестивалот се отвора на 07 октомври и ќе трае до 10 октомври. Во центарот за култура во Прилеп филмовите ќе можат да се погледнат од 12 до 14 октомври, во Центарот за култура во Битола филмовите ќе бидат на репертоарот од 12 до 15 октомври. На универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 23 до 27 октомври, во Центарот за култура во Кавадарци од 24 до 27 октомври, во Лоја – Тетово од 25 до 27 октомври. Во Центарот за култура Струмица од 1 до 3 ноември и во театарот во Велес од 3 до 5 ноември.

Уште поголема радост е што овој фестивал изгради традиција, која не само што ги задоволува вкусовите на вистинските сладокусци на седмата уметност, туку успеа да го надразни и љубопиството на оние, кои предходно немале изграден однос кон германскиот филм.

Филмови како: комично сатиричниот „Тој е повторно тука“ во режија на Давид Внент, драмата „Поздрави од Фукушима“ во режија на Дорис Дери, научно фантастичниот мистичен трилер „Ние сме плимата“ во режија на Себастиан Хилгер, трагикомедијата „Тони Ердман“ во режија на Марен Аде, детскиот филм „Авантурата на Нели“ во режија на Доминик Весели, филмот за деца и младинци „На иста висина“ во режија на Јоахим Долхопф и Ефи Голдбрунер, драмата „Време на канибалите“ во режија на Јоханес Набер, драмата „Херберт“ во режија на Томас Штубер и драмата „24 недели“ во режија на Ане Зохра Берахед. И годинава, фестивалот (http://fngf.mk/demo/) носи филмови коишто се посветени на современите општествени размислувања и теми, кои ќе не нурнат во длабочини, кои ќе не натераат барем за момент да се подзамислиме, да продискутираме и конечно да се погледнеме во огледало и да направиме чесен индивидуеален опит.

Автор:

Слични статии