Култура

Четири жени меѓу наградените на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македониjа“

Дури четири од добитниците на наградите на годинашниот Конкурс за краток расказ на „Нова Македонија“ се жени: Емилија Матаничкова (прва награда), Светлана Камџијаш (трета награда), Нина Андова Шопова и Маја Апостоловска (откупна награда).

Добитничка на првата награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“, за расказот „Призрачна убавина“, е Емилија Матаничкова, „Исчезнувањето на дамата“ под шифрата „Скопски мајмун“ е добитник на втората награда и се уште се чека авторот да се јави во редакцијата.  Третата награда е доделена на расказот.  „Љубовта на клавиристот“ од  Светлана Камџијаш, , а добитници на откупните награди се: за „Мешунки грашок“ – Нина Андова Шопова,   „Ова не е моето име“  од  Маја Апостоловска и „Бегството на света Параскева“  од Славе Банар.

Наградите ќе бидат свечено доделени наредната недела. 
Автентични и иновативни теми, коректна јазична структура, стилска разноликост и вешта раскажувачка техника беа некои од основните критериуми по кои се раководеше жирито.
– Како и секогаш пристигнаа голем број раскази, тематски и стилски разновидни. Овој пат квалитетот беше евидентен во најдобрите триесетина раскази што влегоа во поширок круг. Исто така, карактеристика годинава е тоа што имаме многу современи постапки и содржини од секојдневните доживувања, но претставени на многу интересен и индивидуален начин, така што иако жирито едногласно ги избра најдобрите, имаше поширок избор раскази што го пленеа вниманието и се читаа навистина со едно читателско задоволство – вели селекторот Александар Прокопиев. 
Годинавана, повеќето теми на пристигнатите раскази се однесувале на болници, смрт, крај на животот и биле  интонирани во една, ако не трагична, тогаш сигурно жална смисла. 
Краткиот расказ како иницијална форма на секоја добра проза и преку овој конкурс покажа дека е инспиративен за најразлични раскажувачки постапки. Што е уште поважно, во духот на времето, некои од расказите беа поврзани за современи теми и со нов модерен израз, стои во информацијата објавена во „Нова Македонија“. 
По доделувањето на наградите избраните раскази редакцијата на „Нова Македонија“ ќе ги објавува во прилогот за култура ЛИК, кој излегува секоја среда. 

Автор:

Слични статии