Култура

Започна 38. фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Интернационалниот 38. фестивал на филмската камера „Браќа Манаки, свечено беше отворен вчера во Битола, со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски. На отворањето свое обраќање имаше претседателот на Република Македонија, покровител на овој фестивал, Ѓорѓе Иванов, кој потсети на мотивите и посветеноста на браќата Манаки кон познатата „Камера 300“, како и уметничката примена на светлината.

На  „Браќа Манаки“ годинава има 13 кинематографи од светот со исто толку филмови, кои ќе бидат оценувани од меѓународното жири, предводено од Пол Рене Ростад, кинематографер од Норвешка. Фестивалот, чие годинешно мото е „Допри ја светлината, почувствувај ја Битола“. Покрај главните селекции се и програмите „Мак поинт“, потоа „Перспективи на европскиот филм“, „Студентската програма“ во која учествуваат 14 филмски академии од регионот, програмата за деца, „Краток филм“, а документарната селекција содржи 7 ангажирани филмови.

 „Златна камера 300“ за животно дело годинава му беше врачена на легендарниот кинематограф Пиер Лом од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а застапник на вториот лауреат Џузепе Ротуно ја понесе втората Златна камера за животно дело.

По краткиот филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски, фестивалот продолжи со проекцијата на филмот во бугарско – македонка копродукција „Насоки“ во режија на Стефан Командарев. На отворањето, публиката проследи сценски перформанс по концепт и режија на Нела Витошевиќ, а кој се базира на култните филмови и реплики на годинешните добитници на наградите за животно дело, во кореографија на Искра Шукарова.

 

Автор:

Слични статии