МРТВ се распаѓа од непрофесионалност и криминал!
— 7 август, 2017Националниот јавен сервис МРТВ никогаш не била во полоша состојба !
Програмска, кадровска, техничка, правна! Единствено финансиски, благодарение на теророт којшто го спроведува со застрашување на граѓаните дека „ ќе им прати извршители“, се исплатуваат плати на вработените од кои, најголемиот дел, според тоа колку (не) работат, се пресреќни да примат било каква плата.
Професионалниот срам што се случи во МРТВ деновиве околу прославата на „Илинден„ и македонско – бугарскиот меѓудржавен договор е прелевање на чашата дека МРТВ станува национален, политички и државен проблем за кој ниту македонската политика , најмалку Собранието на Македонија и сите пратеници во него, особено коалицијата на власт, може да ги затвора очите и да ја одложуваат санацијата на, некогаш најсилната медиумска куќа, која сега е распадната! Но, тоа тие не знаат, не можат или како да не сакаат да го видат или признаат! Можеби и затоа што имаат директна одговорност за таквата национална штета која трае!
Програмски МРТВ главно со репризирање на програма стара и по дестици години го пополнува програмското време, во спротивно ТВ екраните би биле темни, а на радио програмата би завладеал молк! Голем дел од ТВ програмата се содржини со нерегулиран статус или подарена програма на некој од продуцентите или национални телевивии со кои МРТВ некогаш соработувала, па не мора да плаќа авторски права.
Специјалитет на програмско подметнување на програмата на Македонското радио е репризирање на месечен, седмичен или дневен план, исти содржини дури и исти емисии! Забележани се и неколку државни скандали кога одредени гости на програмата, автори, политичари, универзитетски професори, но, дури и дипломати, реагираат дека на програмата на Македонското радио се емитуваат нивни гостувања со разговори стари и по неколку месеци.
Исклучок се мала група новинари кои мачно се борат и обидуваат да опстанат барем основните програмски делови кои постојат од формирањето на МРТВ, како што е информативниот блок кој веќе е под неиздржлив притисок на необразованите и политички хендикепирани личности кои раководат во куќата … и надвор од неа !
Кадровската состојба е повеќе од катастрофална од проста причина што МРТВ ја води политичка група инсталирана од центри со сомнителна организираност во однос на законското работење на куќата. Вистинска тајна е какво образование имаат лицата во раководството на националниот јавен сервис, што ако се дознае, веројатно и ќе стане јасно зошто МРТВ е всушност распадната по сите основи, особено програмски, но, тоа никој нема храброст или доблест да го констатира и да се иницира и започне со поправање на состојбите.
Исто како пример . . . извесен период, а можеби и сега, финансиското работење во јавниот сервис одреден период, а можеби сега го раководел сметководител на една од скопските кафеани па секоја наплата, исплата и било каква финансиска работа морала да оди со негово одобрение !?
Фондот на МРТВ кој го собира државата и со присилни мерки се мери со десетици милиони евра !!!
Техничкиот дел и екипираност е последниот адут што воопшто постои некаква програма на МРТВ. Старите кадри, кои за воља на вистината се пред пензија, од чист ентузијазам и личен емотивен однос кон куќата, се уште успеваат да обезбедат какви такви технички услови за програма, но не можат на пример да обезбедат пари за плаќање на сателитскиот сигнал ако раководството на куќата тие средства ги потрошило на сосема друга страна, најчесто и незаконски.
Како најголема тајна се крие податокот дека техничкиот дел на МРТВ често откажува и програмата која се организира во студијата не оди во етер што е незамисливо. Додека со истата програма се склучуваат зделки кои се всушност чист криминал, за што, дополнителна тежина дава податокот дека дел од раководниот тим веќе имаат криминални дела кои стојат во некоја од темните фиоки на македонското судство.
Да биде иронијата, но и трагедијата најголема , средства од касата на МРТВ, преку трети фирми незаконски се прелевале токму во правец на Бугариј, а пред неколку дена македонско – бугарската средба на највисоко ниво беше бојкотирана. . . или можеби токму тука лежи причината за бојкотот, за да не излезат трагите на криминалот на површина?
За ваквата кататстрофална состојба во националниот Јавен сервис сосема навреме и конкретно се известувани и собраноски тела и пратеници на кои тои им било во делот на обврските, но никакви резултати немало, а прашањето е отворено, слично како и деновиве спомнуваното размислување МРТВ да ја води странец, што е веќе видена приказна бидејќи пред неколку години постоеше генерален директор, едикојси Јанез, кој ја испразни касата и исчезна.
Извор:АКО
Автор:Илија Максимовски