Вечерва се отвора 70. Меѓународен филмски фестивал во Кан
— 17 мај, 2017Реномираниот филмски фестивал во Кан, која годинава се одржува по 70-ти пат, ќе биде отворен вечерва со проекција на филмот на францускиот режисер, Арно Деплешен, Ismael’s Ghosts” (Духовите на Исмаил). Заштитно лице на овогодишниот филмски фестивал е познатата италијанска актерка Клаудија Кардинале.
Претседател на жирито оваа година ќе биде Педро Алмодовар, а познатата италијанска актерка Моника Белучи, по вторпат од 2003 година, ќе биде водителка на церемонијата за отворање и затворање на Канскиот филмски фестивал. Инаку, во текот на фестивалот ќе бидат прикажани вкупно околу 50 долгометражни филма.
Филмот „Насоки“ на режисерот Стефан Командарев ќе учествува во конкуренцијата на престижната програма „Извесен поглед” (“Un Certain Regard”) на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 17 до 28 мај и одбележува 70 години од постоењето.
Македонија е присутна на овој фестивал со филмот „Насоки“ кој е копродукциско дело помеѓу Македонија, Агенцијата за филм на Република Македонија и Сектор Филм, Бугарија, Германија, и е поддржан од Европскиот филмски фонд Еуримаж.
Канскиот фестивал е прочуен филмски фестивал основан во 1946 г. кој се одржува во градот Кан, јужна Франција. Претставува еден од најстарите и најпрестижните филмски фестивали на светско ниво. Фестивалот се одржува еднаш годишно (вообичаено во Мај) во Палатата на фестивалите и конгресмените во туристичкиот град Кан, во Јужна Франција. Од 12 до 23 мај, 2010 година одржано е шеесет и третото изадние на Канскиот филмски фестивал. Претседател на жирито беше американскиот, филмски режисер Тим Бартон