Што да се прави со уметноста која иритира?
— 8 мај, 2017Дали кога уметноста ќе нè вознемири треба да ја отстраниме или треба дури и да ја уништиме?
На Витни биеналето, отворено минатиот месец во Њујорк, почнаа контроверзите околу „Отворениот ковчег“, слика на Дана Шуц која делумно се базира врз фотографиите на искасапеното лице на Емет Тил како лежи во мртовечки сандак, десет дена по неговата смрт. Се работи за случај од 1955 година, кога 14- годишниот Афроамериканец бил брутално убиен од двајца белци во Мисисипи, затоа што наводно флертувал со бела продавачка. Сликарката Шуц е бела, а нејзината слика на многумина им личеше на невкусно присвојување што не треба да биде изложено.
На отворањето на изложбата, афроамериканскиот уметник Паркер Брајт стоеше пред сликата со маица на која пишуваше: „Спектакл на црната смрт“.На отворањето на изложбата, афроамериканскиот уметник Паркер Брајт стоеше пред сликата со маица на која пишуваше: „Спектакл на црната смрт“.
Приговорите за ова дело стана масовни, кога британската писателка и уметница Хана Блек, која живее во Берлин, напиша отворено писмо кое многумина го потпишаа. Таа кажа дека „сликата на Тил е црна тема“, со која не смеат да се занимаваат уметници белци. Таа ја омаловажи сликата, велејќи дека го „експлоатира страдањето на црнците заради профит и забава“ и побара сликата да биде унништена.
Дискусијата што следеше по ова беше вознемирувачка, живописна, но и корисна. Дали цензурирањето на уметноста е одвратно? Да. Дали луѓето што се навредени од уметничко дело или изложба треба да протестираат? Апсолутно.
Многумина се најдоа на средината, барајќи слични настани од минатото, обидувајќи се да одлучат. Јас се потсетив на две поранешни уметнички дела што ги прегазија етничките линии. „Страдањето на Сако и Ванцети“ (1931/32), серија дела на Бен Шан, бел еврејски уметник што беше жесток коментар на судењето на имигрантите Николо Сак и Бартоломеј Ванцети во Масачусетс, во дваесеттите години на минатиот век. Случајот беше политички набиен и низ него се судираа темите на етничка припадност, класите, корупцијата.
Белиот еврејски текстописец и учител, Абел Меропол ја напиша баладата „Чудно овошје“, песната против линчувањето што ја прослави Били Холидеј, која во 1939 година директно ја нападна „расната омраза“, како што напиша Дејвид Марголик во „Чудно овошје, Били Холидеј, друштво на кафеата и првиот восклик за граѓански права“.
Уште едно дело инспирирано од линчот на Тил е баладата што ја напиша Боб Дилан и ја изведе во 1962 година, под наслов „Смртта на Емет Тил“.
Некои преклопувања историски беа дочекани со непријателство. Меѓу најинтензивните беше осудата на „Признанието на Нет Тарнер“ од Вилијам Стајрон, од пред половина век, кога афроамериканските писатели тврдеа дека Стајрон ги продлабочил расните митови, стереотипови и клишеа. („Нет Тарнер на Вилијам Стајрон: му одговараат десет црни писатели“).
„Не знам ништо за Хана Блек, ниту за уметниците што го потпишаа нејзното воздушесто и огорчено писмо, но не ми се допаѓаат уметници што цензурираат други уметници.“Ниту мислењето на Афроамериканците за сликата на Дана Шуц не е монолитно. Ентуан Сарџант напиша балансиран воведен текст во artsy.net кој го линкуваше на Фејсбук профилот на уметникот Клифорд Овенс, како одговор на неговата изјава. Еве дел од одговорот: „Не знам ништо за Хана Блек, ниту за уметниците што го потпишаа нејзното воздушесто и огорчено писмо, но не ми се допаѓаат уметници што цензурираат други уметници.“
Кара Вокер, афроамериканска уметница против која имаше протести заради начинот на претставувањето на црнечкиот живот на предвоените плантажи, на Инстаграм напиша:
Историјата на сликарството е преполна со прикази на насилство и со наративи што не припаѓаат нужно во животот на нивниот автор„Историјата на сликарството е преполна со прикази на насилство и со наративи што не припаѓаат нужно во животот на нивниот автор“, напиша Вокер. Таа заклучува дека уметноста може да биде генеративна без оглед дали успева да навреди или не, што ѝ овозможува да „отвора други прашања и создава подобра уметност. А тоа е можно само кога е видлива.“
Шуц наведува дека „Отворениот ковчег“ го насликала од жалење за болката на мајката на Тил, Мејми Тил Мобли, а заради ова било сменето и објаснувањето под сликата на Витни биеналето.
Темите на расата и насилството можеа да се видат и во другите дела на биеналето. Но најважна слика е онаа на Шуц, таа ја содржи сеамериканската тема за корозивниот бел расизам полн со омраза.
А кој тоа го поседува?
Автор: Роберта Смит
Преземено од окно.мк
Извор:The New York Times и artnetnews