Отворен новиот објект на Македонската филхармонија
— 21 мај, 2017
Со концерт на Македонската филхармонија на која како солист настапи Симон Трпчески под диригентство на Владимир Ашкенази од Русија, вечерва беше отворен новиот објект на Филхармонијата чијашто изградба започна во 2009 година пред проектот „Скопје 2014“. Првото дело што прозвучи прекрасно во новата сала беше Суита број 2 за симфониски оркестар од балетот „Лабин и Дојрана“, од македонскиот композитор Трајко Прокопиев, а потоа следеше петтата симфонија од Петар. И. Чајковски.
Акустиката на новата сала ќе донесе кај музичарите преиспитување и дополнителна еволуција и подобрување на изведувачките перформанси од секој член во ансамблот, бидејќи акустиката во новата сала го пренесува секој произведен звук и секоја лоша изведба не би можела да остане незабележана.
Новата коцертна сала со неколку паузи се градеше осум години, од март, 2009, на површина од 12.400 квадратни метри на просторот помеѓу Македонската опера и балет (МОБ) и Факултетот за музичка уметност (ФМУ). Објектот чини 37 милиони евра и во текот на градењето се случија повеќе проблеми, па конечното отворање неколкупати беше најавено па одложено. На поставувањето на камен-темелникот во 2009, беше најавено дека Владата во проектот вложила 6 милиони евра, а изградбата треба да се заврши за 14 месеци, по што ќе следи уредување на внатрешноста и технолошко моделирање. Скандал се случи во 2013, кога банкротираше австриската градежна компанија „Алпине бау“, па карабината продолжи да ја гради скопската градежна фирма „Гранит“, за 4, 7 милиони евра. По неколкумесечна стагнација, Министерството за култура склучи договор со австриската фирма “Страбаг АГ“ за целосно внатрешно уредување на новата сала, вреден речиси 27 милиони евра. На акустиката работеше Јорг Кумел, еден од најпознатите акустичари во светот.
Новиот објект на Македонската филхармонија е изграден според идејното решение на архитектот Виктор Михајлов, се протега на површина од 12.400 метри квадратни. Располага со две сали, голема сала со капацитет 1.000 места и мала, повеќенаменска сала со капацитет од 310 места од кои 168 се фиксни седишта, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта.
1 Comment
Једна исправка вашег текста:
Акустику сале Филхармоније која је отворена 21.05. није радио господин Кумел, него ауторски тим Страбаг-а у коме су Зоран Гаковић, архитекта и акустичари Лабораторије за акустику ЕТФ из Београда. Пројекат сале је направљен 2015. године и по њему је изведен ентеријер.
Господин Кумел кога помињете није акустичар, него архитекта (urban planer), а свакао није “еден од најпознатите акустичари во светот”. У акустичком еснафу он није познат као такав.