Култура

Како стануваме пациенти

Вообичаените неуспеси и падови во животот кои предизвикуваат разочарување и состојба на анксиозност, денес се нарекуваат ментални пореметувања, додека секојдневните тегоби се претвораат во застрашувачки состојби. Во складот со ова, обичните луѓе, се почесто стануваат пациенти, велат Ray Moynihan i Alan Cassels автори на книгата „Продавање на болести“ а ние би додале дека фармацевтската индустрија има потреба од се повеќе и повеќе пациенти.

Дури и ако вие сметате дека сте здрави, фармацевтската индустрија ќе ве убеди во спротивното. Така, менопаузата и предменструалниот синдром одеднаш станаа сериозен проблем, за кој според советите на лекарите, би требале да земаме лекови. Зарем тоа не се вообичаени состојби со кои генерациите пред нас ги примале како нормална состојба.

Лекарите на платен список на фармацевтската индустрија

Соработката помеѓу лекарите и фармацевтите бидна толку тесна што голем број пациенти ја изгубија довербата во лекарите.

Поразителен е фактот дека повеќе од половината „истражувачки“ трудови, за делување на одреден лек, директно се финансираат од фармацевтската индустрија. А тоа значи дека често пати добрата страна на лекот се пренагласува, додека нуспојавите – штетното влијание на лекот се премолчува. Независните истражувања во многу случаи покажале подобро влијание на плацебо или на „лажните лекови“ отколку на вистинските лекови.

Маркетинг страв или создавање на нови болести

Во интерес на целта на создавање на што поголем профит, создаден е тн. маркетинг страв. Целта на овој маркетинг е на пример да се убедат жените дека за време на менопаузата треба да земат хормонска терапија за да не заболат од Алцхајмерова болест или да не ги погоди срцев удар.

Родителите се убедуваат дека нивните деца тинејџери треба да земаат антидепресиви дури и за блага состојба на депресија за да не помислат на самоубиство.

Но истражувањата покажале дека земањето на овие лекови долгорочно, предизвикуваат состојби за кои се тврди дека овие лекови ги спречуваат.

На пример забележени се самоубиства по земање на антидепресиви, додека лековите за тврда столица предизвикале толкав запек кај некои пациенти што довело до смрт. Рекламниот стручњак од Њујорк, Vince Perry, создал потполно нови болести и нови пореметувања, како што се пореметување на концентрација, еректилна дисфункција или предменструално  дисторично пореметување.   

4 состојби кои се идеални за ширење на фармацевтскиот пазар

Henry Gadsden претседател на фармацевтската компанија Merck, изјавил дека е огорчен бидејќи пазарот на лекови е ограничен само за болни луѓе. Фармацевтската индустрија за жал, денес го остварува неговиот сон. Таа создаде мудри маркетиншки трикови и стратегија со кои ги поттикнува здравите луѓе да купуваат лекови.

  1. Висок холестерол

Милиони луѓе стравуваат од состојба на зголемен холестерол во крвта, којашто го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар. Прашањето е колку овие лекови помагаат, но едно е сигурно.: овие лекови ја „лечат“ последицата а не причината. Овие лекови се земаат цел живот, ако не се смени начинот на живот и исхрана, ато е, поголема физичка активност, внесување на повеќе зеленчук и овошје за сметка на мрсните продукти, особено сувомеснатите, земање јаболков домашен оцет, сок од ѓумбир и рен со лимон, откажување од пушење и многу други.

Фармацевтската компанија Bayer, само од лековите за холестерол заработува 25 милијарди долари.

  1. Депресија

 

Антидепресивите спаѓаат во најпродавани лекови во светот па и кај нас во Македонија. Во  Австралија, бројот на препишани антидепресиви се зголемил десет пати во периодот помеѓу 1990 и 2000 година и тоа кај младата популација на возраст помеѓу 15 и 24 години. Кога станува збор за нови антидепресиви, нивната лековитост е многу мала, а ризиците се многу поголеми од она што официјално се наведува.

Некои од лошите ефекти од земање на вакви лекови (нуспојави) се појава на сексуални тешкотии и мисли за самоубиство. Фармацевтските компании и нивните стручни лица премногу ја нагласуваат улогата на серотонинот како причина за депресија. Така, всушност сакаат да ги продадат лековите како Prozac и Pahil, но не постојат научни официјални потврди дека овие лекови навистина помагаат на болните.

Дека многу опасно може да бидне од земањето на лекот Prozac, потврдуваат сведоштвата на многу  луѓе болни од депресија, кои всушност во текот на земањето на вакви лекови извршиле злосторства или самоубиство.

  1. Менопауза

Кога станува збор за нормалната фаза во животот на секоја жена, фармацевтската индустрија ја нарече менопаузата пореметување како резултат на губење на естрогенот.

Жените кои во менопаузата земаат хормонска терапија би требале да го знаат следново.

Независните истражувања покажале дека ваквата долгорочна терапија го загрозува здравјето кај жените и го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, потоа се зголемува ризикот од згрутчување на крвтта и ракот на дојката.

Во најпознатите светски списанија, се почесто читаме за познати глумици како ги повикуваат жените да земаат естроген.

Женската државна здравствена мрежа со седиште во Вашингтон, порачува дека менопаузата не е болест, туку природна телесна промена. Затоа, не е потребно да се лечи со комерцијални лекови, туку помошта треба да се побара во билките и други природни средства.  

Автор:

Слични статии