Култура

Ден на македонската азбука – петти Мај

На денешен ден, на 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Овие два датуми не се внесени во календарот за празници на Собранието на Република Македонија.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10-тиот век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Така, од X па сè до 19 век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-мкедонско писмо, илинденска азбука.

Решение_за_македонската_азбука,_мај_1945

Документ на АСНОМ со кој се воведува македонската азбука како официјална азбука на територијата на Република Македонија

Р Е Ш Е Н И Е

на Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
2 август 1944 г.
Член 1
Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик.
Член 2
Ова решение влегуе веднага во сила. Во манастирот “Св.отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија.

Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една прилика беше рекол дека ,,Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.
Инаку, со Решение на АСНОМ од втори август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава.

Blaze k.

Блаже Конески

Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ, Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графовите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности се според препораките на Мисирков. Истите букви присутни се и во азбуката на Крсте Петков Мисирков, но со графички симболи л’ и н’.
Важно е да се напомне дека од азбуката на Вук Караџиќсе прифатени само графовите за буквите, но не и гласовите кои на овие графови им соодветствуваат во истата азбука.
Усовршувањето и приспособувањето на македонскиот пишан систем и постепено поедноставување на црковномакедонското писмо започнало во XIX век со појавата на поедноставната илинденска азбука, која пак довела до оформување на македонската преродбеничка азбука за да на крај се создаде стандардната македонска азбука.

Во XX век имало и обид за запишување на македонскиот јазик и со латинична азбука, т.н. македонска абецедарска азбука која не зела широки размери и останала на локално ниво во Егејска Македонија.

Најбогатиот период, во поглед на развојот на стандардната македонска азбука, е периодот на преродбата, поточно од средината на XIX век до почетокот на XX век. Во овој период голем број на македонски интелектуалци вршеле реформи за поедноставување на македонската илинденска азбука и со тоа стандардизирање на македонскиот правопис.

Krste_P._Misirkov

Крсте Петков Мисирков

Буквите љ, њ и џ гледани по облик се од српско потекло, но нивните предци се јасно илустрирани воМисирковата книга како л’ и н’, а во порани текстови како ль и нь (како во делата на Марко Цепенков), кои очигледно служеле како инспирација за современите адаптации. Изненадувачки, сè до крајот на Втората Светска војна, овие букви спарени со меки знаци се користеле наместо денес утврдените облици. Постојат индикации дека денешниот изговор на гласот љ како лј, всушност е наметнат од северните македонски дијалекти, додека оригиналниот изговор на гласот е мекото л, односно ль, како во централно-западните дијалекти. Така во Мијачијата и други краеви сѐ уште се пишува и се изговара Лубе наместо Љубе. Денес, буквата ѕ е единствена на македонскиот јазик, но мора да се спомене дека истата е многу постара, бидејќи постоела востарословенското писмо.

Акцентираните букви „è“ и „ѝ“ не се сметаат за посебни букви, ниту за вистински акцентирани букви (како во францускиот, на пример), туку тие се стандардните букви „е“, „и“ кои се одбележуваат со надреден знак во зборови кои имаат хомографи, за нивно разликување.

Меѓу позначајните личности кои се занимавале со задавање правила и стандардизација на македонскиот графички систем и на македонскиот правопис се: Крсте Петков Мисирков, Ѓорѓија Пулевски Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Константин Петковиќ, Партенија Зографски, Димитар Македонски, Деспот С. Баџовиќ, Коста Групче, Наум Евро, Пемко Попов, Васил Карајовов и други.

Gorgi Pul

Ѓорѓи Пулевски

Како еден од најистакнаттите македонисти, Ѓорѓија Пулевски има напишано неколку дела, дел објавени дел во ракопис. Како еден од најраните македонисти, Пулевски користел различни азбуки во различни негови дела. Тоа било како резултат на усовршувањето кое го правел на македонскиот правопис во своите дела. Сепак, во своите дела самиот Пулевски кажува дека во кирилицата има одреден број на букви но не се користат сите за пишување. Така тој наведува колку букви има во јазикот на кој пишува но потенцира со колку букви всушност се пишува. Како образложение наведува дека некои букви се користат во одредени ситуации.

Пулевски со воведувањето на букви од рускиот сакал да ги направи своите текстови читливи не само за Македонците туку и за околните народи. Поради тоа, покрај македонските букви присутни се и руски и српски. Пулевски го бележел македонскиот јазик со стандардни знакови низ сите текстови, додека додатните букви во сите азбучни варијации се како резултат на неговата замисла да ги направи текстовите читливи за сите Словени.

Автор:

Слични статии