Култура

Експертите на УНЕСКО ќе кажат во Париз што виделе во Охрид

Експертскиот тим на УНЕСКО најави дека ќе ги презентира препораките дури откако ќе го информираат Комитет на УНЕСКО во Париз за состојбите со културното и природно наследство на охридскиот регион.
Тројцата инспектори на УНЕСКО, денеска се сретнаа со раководството на Завод и Музеј во Охрид, разгледаа цркви каде е вршена конзервација, а го посетија и локалитетот Плаошник. Вчера имаа средба со одговорните во Националниот парк Галичица.

Сепак, денес куса изјава даде Ања Сидоренко, која повторно го напомена ставот дека за состојбите со културното и природното наследство првин ќе го информираат Комитетот на УНЕСКО.

„Нашата посета е рутинска. Вршиме проверка на состојбата на објектите врз кои се врши конверзација, а се дел на културното наследство и за тоа да го информираме Комитетот на УНЕСКО. Остваривме повеќе средби со цел да го видиме прогресот и напорите на локалните власти во заштитата на културното наследство и спроведувањето на забелешките од лани, од 40. седница во Истанбул. Сега вршиме надзор, a подоцна ќе ги презентираме нашите препораки кои во овој момент не можеме да ги кажеме. Не сме дојдени само за НП Галичица, туку вршиме мониторинг на целото културно и природно наследство и како тоа се заштитува”, изјави Ања Сидоренко од тимот на УНЕСКО.

Таа на крајот напомена дека никогаш не дошло во прашање Охрид да биде ибришан од листата на УНЕСКО.

Текстот е преземен од СКД

Автор:

Слични статии