Култура

Заштитник на белите дробови

Дивизма или лопен, лопенка, (латински Verbascum thapsus) е двегодишна билка со единствен изглед којашто може да порасне до 2 метра. Има издолжено стебло со крупни жолти цветови. Потекнува од Европа, Азија и Северна Африка. Низ историјата се користела во разни цели и тоа најмногу во Европа, Азија и подоцна во Америка.

Грчкиот лекар Диоскурид бил меѓу првите кој почнал да ја користи оваа билка за лечење на белодробните болести . Таа содржи сапонини, гликозиди, флавоноиди, витамин Ц, танин, цинк и селем. Поради големиот број антиоксиданси дејствува антивоспалително и регенеративно.

Дивизма не смеат да употребуваат бремени жени, доилки и болни од рак.

Дивизмата најмногу се користи кај респираторните болести, како средство против кашлица, бронхитис, воспаление на дишните органи, потоа кај грип, туберкулоза, болки во желудникот и цревата, хемороиди, чиреви и поткожни чиреви. Дејствува смирувачки, го поттикнува искашлувањето и ја намалува надразнетоста. Сапонините во листовите ја ослеснуваат кашлицата и  го помагаат исфрлањето на слузта од белите дробови. Помага кај настинки и кај грип, ангина, воспаление и катар на белите дробови и кај астма. Помага при алергии, бидејќи со својата слуз ги обложува дишните органи со што физилки ги птити од апсорпцијата на алергените и со тоа го намалува ризикот од алергиска реакција. Листовите можат да се запалат и да се инхалираат. Тие не содржат штетни состојки како тутунот.

Препаратите од дивизма со векови се користат против различни инфекции предизвикани од габи и бактерии. Поради тоа научниците ја истражуваат оваа билка бидејќи таа се покажала како ефикасна онаму каде традиционалните лекови се немоќни.

Помага за воспаление на увото, херпес, рани, егзема, убови и смрзнатини. Се примеува кај воспаление на очи, болки во коските и мускулите, а истражувањата покажале дека таа ги навлажнува и лубрифицира синовијалните мембрани, што е важно при хернија на дисковите на рбетот и за зглобовите. Поради тоа се користи за повреди на грбот што се третираат како неизлачиви. Надворешно секористи при  повреди за зглобовите, артритис и реума.  Понага при пролив и грлеви во стомакот, несоница, мигрена, забрзана работа на штитната жлезда и за намалување на холестеролот и триглицеридите.

Мацерат од дивизма

Во 500 мл. Маслиново масло се стават 65 грама сув цвет на дивизма. Се остава да отстои 40 дена на сонце. За проблеми со ушите се капнува 3 капки 3 пати на ден. За проблеми со очите се мачкаат 2-3 пати на ден, а кај кожни проблеми и болки се мачка местото неколку пати на ден.

Тинктура од дивизма

Во 500 мл. 70 постотен алкохол се ставаат 65 грама суви цветови и се остава да отстои најмалку две недели на топло место. Се земаат 3 до 7 капки 3-4 пати на ден. Тинктура од дивизма се препорачува кај кашлање, бронхитис, настинки, болести на бели дробови, помага во јакнење на имунолошкиот систем, помага кај главоболка, болки во коските, проблеми со рбетот и за вирусни, габични и бактериски инфекции.

Чајот од дивизма се подготува во 2 дл вода се става една лажичка дивизма се пијат 2-5 шолји на ден.

Сируп за кашлање

Свежите цветови дивизма се ставаат во чиста и сува тегла во слој од 2 см и се покриваат со исто толкав слој шеќер, подобро кафеав шеќер и така теглата се полни. Најгоре треба да биде слој од шеќер. Теглата се остава шест недели на топло место. Течноста на почетокот ќе биде безбојна, а потоа златнокафеава боја.

Истражувањата установиле дека екстрактот од дивизма делува против низа штетни организми а многу од нив се отпорни на конвенционални лекови:

  • Staphylococcus aureus
  • Bacillus subtilis
  • Micrococcus luteus
  • Enterococcus faecalis
  • Escherichia coli
  • Pseudomonas aeruginosa
  • Klebsiella pneumonia
  • Vibrio cholera
  • Enterobacter coccus
  • Aspergillus fumigatus

Автор: