Култура

Заборавениот супермен меѓу лековитите билки, а го има насекаде

Ако барате бесплатен лек но и храна со врвен квалитет, глуварчето е токму тоа. Оваа билка со прекрасна боја на цветовите се смета за една од најлековити билки. Во народната медицина од него се прави чај, тинктура, сируп или вино. Исто така се почесто се конзумира свежо во салати, заедно со дрг зеленчук. 

Глуварчето:

  • е одличен е за детоксикација на организмот и губење на вишок килограми

бидејќи го чисти црниот дроб помага кај сите болести што се поврзани со нарушена работа на црниот дроб: алергии и сите кожни болести (акни, псоријаза, егзема, брадавици).

  • Го чисти организмот од токсини и го зајакнува

Салатата од свежи листови глуварче и неговиот корен се препорачува најмногу во пролетните денови, кога е пожелно пролетното чистење на организмот од наталожените токсини. Поради горкиот вкус се меша со друг вид на зеленчук; рукила, марула, морков, млад кромид, зелка и тн.

  • природен лек за атеросклероза и камен во бубрегот

глуварчето помага во нормализацијата на размената на материите во организмот и со тоа делува благотворно кај заболувањата: гихт, реуматизам, кожен осип, фурункулоза (гнојни чиреви на кожата) и гојазност.

Во Бугарија, глуварчето се користи за лекување на атеросклерозата, а во Германија и Полска се користи и како лек за каменот во бубрегот и како еликсир во периодот на реконвалесценцијата (опоравувањето) по прележаните тешки инфективни заболувања.

  • за подобар апетит и подобро варење на храната

Листовите на глуварчето се богати со каротиноиди, со витамини како. А, Б1, Б2 и Ц, со минерали (посебно калиум, калциум и магнезиум), стеарини, инсулин, каучук, холин, органски киселини, соли на калиум и калциум и смоли. Овие горчливи материи го подобруваат апетитот и варењето на храната. Како и сите други горчливи билки, го стимулира излачувањето од жолчката

  •  природен лек за црниот дроб и жолчната кеса

Коренот и листот се користат во лекувањето на болестите на црниот дроб и жолчната кеса, за лекување на камен во жолчната кеса, о кај воспаление на дебелото црево – колит, жолтица, запек… Коренот се собира во пролет, кога е најсочен, а листовите се берат пред цветањето на билката

  •  служи како сировина за добивање на лекови

Во современата медицина и во фармацевтската индустрија, коренот од глуварчето се користи како сировина за добивање на лекови, бидејќи истражувањата и фитохемиските студии покажале дека тој содржи: горчлив гликозид тараксицин, полисахариди, инсулин, сахароза, белковини и многу други корисни материи.

Лековите на база на глуварче не треба да се земаат подолго од месец и пол дена, бидејќи прекумерната доза може да ги оптерети органите за варење и да предизвика несакани ефекти. Ако се користи во препорачаните количини, глуварчето е еден од најјаките лекови од природата.

За лек треба да се користи глуварче кое расте во чиста средина. Урбаното глуварче го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите, па затоа не се препорачува, бидејќи може повеќе да му наштети отколку да му помогне на организмот.

 

Во народната медицина, глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. Од него може да се прави чај, сируп или вино. Во едно истражување во Канада резултатите покажале дека коренот од глуварче ефикасно ги убива клетките зафатени со карцином без никакви штетни нус појави на останатите клетки во организмот. Чајот од глуварче делува на зафатените клетки така што тие се распаѓаат во текот на 48 часа, а за тоа време ни една нова здрава клетка во организмот не се разболува, покажало истражувањето.

 

 

Автор: