Култура

Забележан и втор примерок женка балкански рис на Бистра

За неполни три седмици на планината Бистра е забележен уште еден примерок женка балкански рис, откако на 19 февруари беше заловена првата женка на границата помеѓу планините Бистра и Стогово.

Експедицијата на Македонското еколошко друштво МЕД , вториот примерок на истиот локалитет го регистрира и на камерите поставени од ова друштво.

– Нашите заложби да дојдеме до што попрецизна бројка на еден од најзагрозените животински видови кај нас, балканскиот рис, ги даваат првите резултати. Така што, откако на 19 феруари, на границата помеѓу планините Бистра и Стогово го заловивме првиот примерок женка на балкански рис-Маја, деновиве нешто посеверно на планината Бистра, од нашите камери беше забележан и втор примерок женка балкански рис. Нашите претпоставки дека се работи за женка се базираат на претходните проучувања, кога пред неколку години овој примерок беше снимен во друштво на мажјак балкански рис. Понатамошните истражувања кои ќе траат во овој регион до крајот на април, очекуваме да ни дадат одговор и на ова прашање – информираа од Македонското еколошко друштво.

Деновиве на експедицијата на МЕД и се приклучи и фотограф документарист од Кипар, кој во наредните десетина дена ќе подготви фото-репортажа за планините во Западна Македонија и експедицијата што го проучува балканскиот рис. Фотографот прв пат кај нас престојувал пред неколку години во Преспа.

Автор:

Слични статии