Култура

Пченкарни мафин-проички со сирење

  • 3 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • 1/3 чаша  масло
  • 6 полни лажици бело брашно
  • 7 полни лажици пченкарно брашно или палента
  • Околу 150 гр. Бело сирење
  • 1 лажичка сол
  • 1 прашок за печиво

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Со жица за матење изматете ги јајцата со 1 лажичка сол, додадете го јогуртот  и маслото и измешајте. Потоа додадете го белото брашно заедно со прашокот за печиво а потоа пченкарното брашно и измешајте. На крај додадете го сирењето и ставете во модлите да се пече 20 минути. Кога ќе бидат печени, оставете ги 5 минути да се изладат а потоа извадете ги.

1 чаша е 2,5 дл.

Автор:

Слични статии