Јан Кемпенаерс отишол во Сараево во 1996 година за да сними фотографии кои би го покажале влијанието на војната врз околниот пејзаж. Но, се сретнал со дотогаш нему непознат феномен – апстрактните споменици на НОБ.
На големата меѓународна изложба на Фото фестивалот во Њујорк се најдоа и фотографии од спомениците на НОБ од просторите на бивша Југославија. Станува збор за проектот на белгискиот фотограф и соработник на Кралската академија во Гент, Јан Кемпенаерс, кој подготви серија трудови насловена „Споменици: крајот на една ера“, претходно претставена во Антверпен и Брисел.
Тој 41-годишен Белгиец во изминатите две години трипати пропатува низ деловите на поранешна Југославија за да го оствари својот проект.
„Ги фотографирав само спомениците кои ми се допаднаа, од кои најомилени ми се оние што се наоѓаат на одвоени места“, вели Јан.
Целата приказна започнала кога тој отишол во Сараево во 1996 г. за да сними фотографии кои, како што вели самиот, „би го покажале влијанието на војната врз околниот пејсаж“.
„За време на истражувањата направив интересни фотокопии од дотогаш еден непознат феномен за мене, апстрактните споменици на НОБ, од кои неколку најдов во Енциклопедијата за уметност. По неколку години, решив да им посветам цел проект“, вели Кемпенаерс. Тој додава дека не му било лесно да ги најде сите споменици. „Заедно со еден свој пријател од Загреб истражувавме по книжарниците и најпосле направивме мапа на нивните местоположби. Потоа решивме да појдеме на долг пат и да ги фотографираме сите. Но, можам да ве уверам дека дури и со помош на мапата беше тешко да се најдат некои од нив. Често моравме да бараме помош од мештаните за да стигнеме до некој споменик.“
Јан Кемпенаерс
Белгискиот фотограф го привлекле неколку работи за спомениците од НОБ кои настанале во текот на 50-тите, 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
„Ме заинтересираа нивните облици и големини, начинот на кој се сместени во пејсажок, уметничкиот квалитет на тие скулптури, нивното историско значење, како и начинот на кој се читаа денес“, објаснува тој.
За време на истражувањето на „идеологијата која ја изгуби битката“, тој открил една нетипична отвореност на југословенскиот режим кон апстрактните споменици во периодот на 50-тите години кои покажуваат дефинитивно отклонување од соцреализмот. Вели дека иако станува збор за споменици кои ја слават херојската историја и ветувањето за сјајна иднина, нивната морфологија и дизајнот се модерни, па дури и футуристички, па поради својата убавина заслужуваат почит.
Еве ја листата на неговите десет најомилени споменици од НОБ:
1. Подгариќ – Големиот споменик на револуцијата
Големиот споменик на револуцијата е посветен на жртвите од Втората Светска војна, дело е на скулпторот Душан Џамоње, од 1967 година, исклучително многу му се допаднал на Јан. Токму овој споменик бил повод за пошироко истражување.
2. Петрова гора – Уништениот бисер на Војин Бакиќ
Минатите години надлежните институции на Светската организација за заштита на културното наследство упатија повик за итна акција за заштота на споменикот на Петрова гора. Ремек делото на Војин Бакиќ до ден денес не е реновирано. Иако споменикот преживеа војна, постепеното уништување поради несоодветните услови продолжува до ден денес.
3. Космај – 50 км од Белград
Споменикот се наоѓа на планината Космај, околу 50 км јужно од Белград, а настана во 70-тите години од минатиот век. Негови автори се скулпторот Војин Стоиќ и архитектот Градимир Медаковиќ. Архитектите и скулпторите често соработувале на изградбата на ваквите споменици.
4. Тјентиште – Воодушевувачко сеќавање на битката на Сутјеска
Тјентиште, делото на скулпторот Миодраг Живковиќ, претставува споменик во чест на учесниците на битката на Сутјеска која се одигра во 1943 г. Во рамките на Меморијалниот комплекс на битката на Сутјеска се подигнати повеќе спомен-обележја, од кои како највпечатлив се издвојува токму овој.
5. Македониум – Вселенскиот брод од Крушево, Македонија
Во средишниот дел на Македонија, јужно од Скопје, се наоѓа споменик со необичен облик, Македониумот од Крушево. Неговиот футуристички дизајн го воодушеви Јан Кемпенаерс. Во 2003-та беше потпишана спогодба за реставрација на овој естетски храбар споменик на народноослободителната борба.
6. Мраковица – Ој, Козаро во стилот на Џамоња
Најголемиот хрватски скулптор од втората половина на ХХ век, Душан Џамоња, е автор на голем број јавни споменици, а меѓу нив со својот облик посебно се истакнува и Споменикот на револуцијата на Мраковица, Козара.
7. Планината Грмеч – Осамената меморијална зона во Босна
Споменик на револуцијата во меморијалната зона Корчаница на планината Грмеч, во северозападниот дел на Босна и Херцеговина. Белгискиот фотограф најмногу го воодушевија спомениците кои се наоѓаат на сосем изолирани места, како што е овој.
8. Илирска Бистрица – Во чест на паднатите борци во Словенија
Овој споменик датира од 1965 г. и е посветен на паднатите борци во Илирска Бистрица. Најголемиот дел од спомениците на НОБ настанале токму во 60-тите години на минатиот век.
9. Јасеновац – Цветот на Богдан Богдановиќ
Скулптурата, која претставува цвет, се состои од темелен дел и средишен столб кој потоа се развива во расцветан цвет од трапезни плочи. На северната страна се наоѓа бронзена плоча на која се запишани стиховите од песната „Јама“ на поетот Иван Горан Ковачиќ.
10. Каменско – Заборавената апстракција во Лица
Спомен-област Бели потоци која се наоѓа близу местото Каменско во Лица. Ова апстрактно дело кое ја величи народноослободителната борба денес му е целосно препуштен на пропаѓањето. Инаку, се наоѓа близу местото каде 1942 г. е основана првата женска партизанска чета.
Извор: Jutarnji list.hr