Култура

Еликсир за плодност

Во последните неколку децении проблемот  на брачната неплодност се повеќе се случува и многу парови не успеваат да имаат потомство. Ако во текот на еден период од две  години со редовни сексуални односи бременоста отсуствува се смета за брачна неплодност. За третман на неплодност со редовна терапија, се препорачува  нов  начин на животпромени во исхраната и употребата на природни лекови за плодност. Овде ви пренесуваме рецепт за еликсир на плодност кој е наменет за секого. Во комбинација со чаевите успешно ја лечи женската и машката неплодност.

ЕЛИКСИР ЗА ПЛОДНОСТ

  • 1 kg мед
  • 10 гр. матичен млеч
  • 100 ферментиран полен  – полен перга (што е складиран во рамките )
  • 20 гр. прополис

Сето ова се меша со дрвена или пластична лажица

Природен био стимулатор, антиоксидант,  афродизијак, природен антибиотик.  Го помага лачењето на хормоните  и кај мажите и кај жените. Ја јакне потенцијата.

Овој еликсир е добар и за кардиоваскуларните заболувања.

 

ЖЕНСКИ ЧАЈ ЗА ПЛОДНОСТ

  • 100 грама ајдучка трева
  • 50 грама очајница  или мацина трева (лат. марубиум)
  • 50 гр.  бисерок ( лат. алхемила вулгарис)
  • 50 гр. мајчина душичка
  • 50 грама пискавица
  • 50 грама невен
  • 50 грама лист од малина или капина
  • 50 грама коприва

Оваа терапија е добра и за оние кои имаат хормонални проблеми. Помага при неуреден циклус, проблеми поврзани со хипофизата и со штитната жлезда.

ЧАЈ ЗА МАШКА ПЛОДНОСТ

  • 100 грама мечкина шепа
  • 50 гр. Бабиб заб Трибулус терестис
  • 50 Пискавица или јарчев рог или грчко семе
  • 50 Анасон
  • 50 Чубрика
  • 50 Лист од бреза
  • 50 Коприва
  • 50 босилек

Се зема една супена лажица се прелева со 200 мл. зовриена вода. Препорачливо е да се пие 3 месеци. Дава извонредни резултати.  Се пие 2-3 пати во текот на денот. Може да се стават и семки од тиква.

Автор:

Слични статии