Култура

Чудесна билка за пролетно чистење на организмот

Природата ни дала се за да се справиме со нашите здравствени проблеми. Тоа природни и бесплатни лекови и се на дофат на нашата рака. Копривата спаѓа во најкорисни и најлековити билки. Сите нејзини делови; коренот, стеблото, листот, цветот и семето имаат лековити својства. Копривата е најдобра билка за чистење и за подобрување на крвната слика.

Едно од најважните лекарски дејства на копривата е што го стимулира создавањето на црвени крвни зрнца и заедно со високата содржина на железото ја подобрува крвната слика. Чајот од коренот на копривата се употребува за намалување на триглицеридите – масти коишто ги напаѓаат крвните садови на срцето. Копривата позитивно делува на панкреасот и помага при намалување на шеќерот во крвта. Лекува воспаленија на уринарните патишта, ја прочистува крвта и ја стимулира работата на цревата, делува позитивно на кожата и го чисти лицето од акни. Ја дезинфицира усната шуплина и лекува инфекции во устата и гингивата. Затоа се препорачува како дел од пролетното чистење на организмот. Помага при лекување на болести на црниот дроб и жолчката, карцином на слезината, болести на белите дробови. Во овој случај најефективно е да се помеша семе од коприва со мед.

Копривата е застапена и во исхраната а особено често била консумирана во минатото. Од неа се прават разни чорби и во пити, самостојно или со друг зеленчук.

Рецепти за против опаѓање на косата:

100 грама лист коприва и 25 грама камилица се попаруват со ½ литар дестилирана вода. Стои 8 часа се процедува и се става 20 мл. домашен вински оцет. Секоја вечер се масира кожата и коренот на косата, а кога ќе се исуши се мачка со масло од чичок.

Автор:

Слични статии