Култура

Кифлички со солен прелив

Состојки за 15 парчиња:

  • 30 грама свеж квасец
  • 300 мл. млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 600 грама брашно
  • 100 мл. масло

Солен прелив:

  • 50 мл. вода
  • 2 лажички брашно
  • ½ лажичка сол

Подготовка:

Загрејте го млекото и додадете го иситнетиот квасец, па шеќерот и промешајте. Оставете да одмори.Додадете масло и сол, па повторно промешајте.Додадете го остатокот брашно и замесете тесто.Тестото добро измесете го и оставете го да отстои и да стане двојно поголемо.Потоа тестото премесете го и поделете го на 15 еднакви топчиња. Премачкајте ги топчињата со масло и оставете 5 минути да отстојат. Потоа едно по едно нежно со рака развлечете го надолу, како на сликата:Вид на пекарски кифли, но тенки и долги. Потсетуваат на оние стапчиња што ги купувавме порано за на училиште во пекарите, со оној солен дел кој сите го киневме и гризавме. Потоа со сукалото направете коричка во ширина од 10 см а должина 20 см, па завиткајте така што поширокиот дел ќе го влечете навнатре, се додека не направите долгнавесто стапче. Редете во намастен плех со масло.Секое премачкајте го со разматена жолчка и оставете да отстои додека рерната не се загрее на 220 степени.За тоа време изматете ја водата, брашното и солта. Густината треба да биде како јогурт.Кога ќе почнат да руменеат извадете ја тепсијата па брзо исшарајте со солениот прелив, и вратете да се допечат. Печете додека не поруменат.

Автор:

Слични статии