Култура

Виртуелно патување околу седумте нови планети кои ги откри НАСА

Астрономите открија систем од седум планети со големина на Земјата кои кружат околу една ѕвезда која ни е релативно близу и на која е можен живот, објаснува НАСА. Астрономите открија најмалку седум планети со големина на нашата планета Земја коишто орбитираат околу иста ѕвезда.  Оддалечени се од Земјата за околу 40 светлосни години од Земјата.  Наодите беа објавени во  една студија во списанието Nature. исто така беа осоопштени и  на прес-конференција во седиштето на НАСА во Вашингтон. Вакво откритие, надвор од нашиот сончев систем е  реткост, бидејќи планетите  се слични по големина на Земјата, што значи дека може да има вода на нивните површини и потенцијално го поддржуваат животот.

“Ова е прв пат што толку многу планети од овој вид се наоѓаат околу истата ѕвезда”, вели Мајкл Гилон,  авторот на студијата и астроном од Универзитетот во Лиеж, Белгија.

Од овие планети, три се наоѓаат во зоната погодна за живот, подрачје околу матичната ѕвезда, класифицирана како ултрастудено џуџе, а најголема е веројатноста токму тие три да имаат и вода, клучна за животот каков што го знаеме. Поради тоа што се наоѓаат надвор од нашиот сончев систем, овие планети се нарекуваат егзопланети. Овој систем на егзопланети е наречен „ТРАПИСТ-1“, според телескопот, а се наоѓаат во соѕвездието Водолија и се релативно близу до нас. Сите седум планетарни орбити се поблиску до нивната матична ѕвезда отколку што е планетата Меркур со нашето сонце. Планетите исто така се доста блиску едни со други.

Автор:

Слични статии