Култура

Први воздушни фабрики во Кина

Во Нанџинг, Кина, ќе се градат две кули, коишто ќе бидат првите азиски „вертикални шуми“. На кулите ќе бидат засадени 1000 дрва и 2500 грмушки, кои ќе произведуваат 60 килограми кислород  секој ден. Градбите се именувани  како кулите Нанџинг, а треба да бидат изградени до 2018 година. Ќе бидат први шуми од ваков вид во азискиот континент коишто ќе слуѓат како фабрики кои ќе го претвораат јаглеродниот диоксид во кислород. Дизајнирани се од италијанскиот архитект Стефано Боери. Поголемата кула ќе биде висока 200, а помалата 108 метри. Растенијата што ќе бидат засадени ќе бидат од 23 различни локални видови. Во повисоката кула ќе има канцеларии, музеј, факултет за еколошка архитектура и клуб на покривот, додека помалата кула ќе сместува базен на покривот и Хајат хотел со 247 соби. Освен што ќе го прочистуваат воздухот, кулите ќе имаат за цел и да го регенерираат локалниот биодиверзитет, на кого му се заканува загадување и урбанизација. Ова не се првите вертикални шуми дизајнирани од Стефано. Две негови дела се веќе изградени во Милано, а слични градби се испланирани и во Лозана, Швајцарија.

г.

 

Зеленилото ја надополнува убавината на балконите

Автор:

Слични статии